Скандал на Мис Универзум: „протече“ веста дека Британката ќе победи!

Престижниот натпревар за убавина Мис Универзум (Miss Universe) кој  е закажан за 9 ноември во Москва го тресе скандал.

mis 1

Имено, иако резултатите мора строго да се чуваат, една од ченовите на жирито, Елена Семикина, на својот Инстаграм профил го објавила списокот на „евентуалните“ победнички.

Така, победничка на натрпеварот кој сеуште не се случил, според Елена, е претставничката на Велика Британија, додека прва придружничка е мис Шпанија, а втора – мис Полска.

Списокот веднаш „изчезна“ од Инстаграм, но стоеше доволно за многумина да го прочитаат.

Нема сеуште никаква изјава за оваа случка од организаторите на овој настан.

x

Check Also

Мисицата Елена Анѓеловска утре ќе се бори за круната на Мис Глоуб во Торонто

Утревечер во Торонто ќе се одржи финалето на Мис Глоуб. Македонска претставничка ...