Скандалот Топшоп: Сопственикот ги малтретирал вработените на сексуална и расна основа?

Сопственикот на најголемиот британски хај-стрит бренд, Топшоп, Sir Филип Грин, се соочува со сериозни проблеми кои сосема сигурно ќе допринесат да ја загуби титулата “Sir” која му е доделена од кралицата. Целосното разотркивање на актуелниот случај во компанијата Топшоп, може да прерасне во еден од најголемите скандали во британската модна индустрија.

Британскиот Телеграф го објави текстот во кој се наведува дека цели 8 месеци го истражуваат случајот на еден од најугледните бизнисмени, кој веќе со години ги злоставува своите работници на расна и сексуална основа, а потоа ги тера да потпишат договор за чување на податоците во тајност, за да не можат да се пожалат на медиумите или пак, да излезат на суд.

Според Телеграф, Грин платил 500 илјади фунти за да изнуди од судот забрана за објава на неговото име во текстот, а судот тоа му го овозможил. Разочарани од правната забрана да ја напишат вистината, новинарите на Телеграф се обратиле до своите читатели со голем текст во кој се прашуваат каде престанува слободата на говорот и како е можно судот да одлучил да го заштити злоставувачот кој вработува десетици илјади луѓе?!

Завчера, ситуацијата се промени и тоа во британскиот парламент, кога еден парламентарец јавно го именувал Филип Грин, како бизнисменот за кој Телеграф пишувал, а по дојава на нему блиска личност која интимно е вплеткана во случајот. Ова јавно разоткривање, покрена лавина коментари, но и притисок на јавноста вра британското судство за работата праведно да се разреши. Грин пак, ги негира овие обвинувања и не дава коментари за медиумите.

x

Check Also

Лејди Гага: На нашата љубов со Бредли работевме напорно, со денови

Лејди Гага е уморна од објаснувањата дека меѓу неа и Бредли Купер ...