Скандинавски шарм во нашите домови со Мениел

Скандинавскиот начин на живеење се повеќе ни се наметнува бидејќи неговата суптилност, практичност и гледање на убавина во едноставноста е нешто кое во последно време посебно не обзема.


Уживаме во едноставноста на скандинавското живеење со тоа што и нашите домови ги претопуваме со неговото влијание, но сепак тоа не значи дека треба да се откажеме од декорот и украсите.


Сигурно постојано сте прикачени на “Пинтерест” и се восхитувате на минималистичките ѕидни украси со симболи на животни кои даваат неодолив шарм на едноставниот скандинавски дом.


Благодарение на две неверојатно креативни дами, Даница Петрова и Менче Пендевска или срцето на тимот “Мениел” нашиот дом ќе може да ужива во декорациите по кои копнеевме со години.


Тие се вљубени во металот како материјал и неговите можности за работа. Благодарение на нивната љубов кон уметноста и техничкито можности на ласерското сечење, виткање и обликување на металот како моќен материјал создаваат убавини кои го прават нашето живеење и домување поубаво од кога било.


Особено сме горди на македонските дизајни, а особено кога дамите се главните умови на овие креации. Секако тимската работа е најзначајна за секој успех или како што би рекла Даница, “еден човек е како капка вода во морето, додека тим од креативни луѓе креираат големи бранови, а нивните креативни идеи, создаваат креации што ќе ги красат нашите домови”.

Посете ја Facebook или Инстаграм страна на “Мениел” и уживајте во сите убавини кои ги создаваат.

x

Check Also

Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична на изборот за убавина ЕВРОАЗИЈА 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen ...