„Скини“ фармерките на Меган Маркл се достапни во продажба

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, обожува да носи фармерки, а тоа го покажа и со својот најнов изглед на Вимблдон.

Маркл на популарниот тениски трунир се појави на трибините облечена во „скини“ фармерки, црна маичка и бело сако. Изгледот го надополни со бела шапка. Фармерките кои таа ги носеше се од марката Outland, а тоа го потврдија и од брендот, напоменувајќи дека овие фармерки се достапни во продажба. Чинат нешто помалку од 200 долари.

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...