Скокање со јаже, најдобра фитнес активност која троши дури 1.000 калории на час

Додека не го земете јажето во раце веројатно мислите дека не е толку тешко. Но, може да се запетлате брзо или да се заморите по само минута. А ако оваа вежба – која не бара одење во теретана или спортска сала, туку лесно се практикува дома или на отворен простор под пролетното небо – ја практикувате секојдневно, последователно месец-два, гарантирано ќе ја освоите секоја плажа. На изгледот мислиме.

skokanje 765

Имате време за промена. Добрите промени се секогаш добредојдени. А скокањето со јаже е една од оние кои преку забава може да стигнете до целта – фит и здрава форма. Веднаш да си кажеме, оваа фитнес активност не е за оние кои се претешки, но совршена е за оние кои имаат десеттина килограми повеќе и сакаат да ослабнат.

Скокањето со јаже е подобро од трчањето бидејќи се активираат и рацете, а и целото тело е во движење. Предноста е и во тоа што ова е една од најевтините вежби. До фрустрации може да дојде ако навалувате, а не ви оди баш добро, сепак не откажувајте се. Поставете си цел дека првите два- три дена ќе прескокнувате со јаже вкупно 30 секунди до 1 минута дневно. Следните два –три дена поминете на минута до две, и така зголемувајте го темпото.

За да биде ефикасна дневната „доза“ на прескокнување со јаже би требала да биде 5 до 10 минути. Тие минути може да ги поделите на два или на три пати во денот.

И, повторно ќе кажете дека немате време? Дека немате за себе пет до десет минути во денот за да се „ослободите“ од калориите внесени со цел еден ручек?

skokanje 2

Постојат повеќе начини да скокате со јаже, од обичен начин до вкрстен. Главната грешка која често се прави е свиткувањето на колената. Многумина мислат дека така е полесно, но сепак така е погрешно. Кога ќе прескокнувате јаже најдобро е нозете да ви се малку одделени и истовремено со двете нозе да го прескокнувате јажето. Кога основната вежба ќе ја практикувате (а за тоа ви треба само некоја минута вежбање) можете да преминете на други комбинации.

Видео-вежбите се совршени за сите оние кои се со сериозна намера за кус период да го решат проблемот со килограмите и затегнувањето на телото.

Почнете од денес. Од сега. И ако следејќи го видеото успеете да издржите дури и само 15-на секунди не откажувајте се.

Целта нека ви биде да ја направите оваа вежба.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...