Скопје доби еклузивна продавница за канцелариски мебел

Светски познатиот бренд Bürotime со свое претставништво во Македонија

Официјално започна со работа првата продавница на светски познатиот бренд Bürotime, кој е лидер во производството на канцелариски мебел во светот.

Со повеќе од 100 продавници и претставништва низ целиот свет, овој бренд успешно ги развива пазарите и влијае на квалитетот и подобрување на работната атмосфера.

На свеченото отворање присуствуваше сопственикот на Bürotime, г. Хусеин Тосуноглу кој истакна дека овој пазар има голем потенцијал.

Драго ми е што заедно со СПС Инженеринг ја шириме мрежата во овој регион, посебно во Македонија, каде има навистина голем потенцијал. Како групација наша задача е на глобално ниво да донесеме квалитет и да отвориме повеќе од 20 продажни салони низ светот, и да поставиме високи стандарди во канцелариското работење.“ – изјави сопственикот на компанијата Хусеин Тосуноглу.

На свечено отворање присуствуваа голем број на гости од бизнис секторот во Македонија, како и гости од Турција.

Имено, Bürotime и нивните дизајни се препознатливи насекаде, а нивната оригиналност и креативност е препознаена од светски здруженија и наградувана неколку пати од престижните дизајнерски награди како IF PRODUCT DESIGN AWARD 2018, TURKEY DESIGN AWARD 2017, 2016, 2015, 2014, GOOD DESIGN AWARD, RED DOT AWARD, и многу други. Покрај канцелариски мебел компанијата изработува мебел и за индустриски цели, терминали, болници, и др.

x

Check Also

Прва македонска апликација Challenger и награди за „зелени“ километри за чист воздух

Доаѓа зимата и повторно ќе дишеме позагаден воздух во Скопје, затоа треба ...