Скопје Мериот хотел овозможува сестрана поддршка на младите од СОС Детско село

Скопје Мериот хотел ја продолжува својата соработка со СОС Детско село преку проектот “You eat, we give”, каде што со секое купено главно јадење во текот на септември и октомври, се донира едно евро за СОС Детско село Македонија. Оваа глобална иницијатива, којашто има за цел да овозможи понатамошна поддршка и кариерен развој на младите од СОС Детското село Македонија, се организира по вторпат во хотелот Скопје Мериот.

Мериот Интернешнл е партнер на СОС Детските села низ целиот свет и со интензивирањето на оваа акција, двојно се зголемува бројот на млади луѓе коишто ќе добијат можност за вработување или пракса низ хотелите на овој ланец. Скопје Мериот хотел, како дел од групацијата, е докажан партнер на СОС Детско село, а поддршката започна уште со самото отворање на хотелот во 2016 година. Една од областите на соработка е поддршка и помош на младите кадри и оние кои пораснале под закрила на СОС Детско село во стекнување практични вештини, знаења и први професионални искуства. Оваа соработка е дел од интернационалниот проект Youth Empowerment кој има за цел да ги охрабри младите луѓе самостојно да преземат одговорности во животот и е насочена кон создавање поздрави и подобри животни навики.

Како резултат на овој проект, досега, двајца младинци кои израснаа во СОС Детското село во Скопје се вработени во Скопје Мериот хотел и добија можност за стекнување прво работно искуство. Хабиба Папиќ има 21 година и е студент при Штипскиот Универзитет Гоце Делчев, отсек Туризам и бизнис логистика. Преку глобалната иницијатива, во јуни 2017 година, Хабиба станува дел од тимот на Скопје Мериот хотел и ја започнува својата кариера. За нејзиното искуство Хабиба вели:

Јас отсекогаш сум била затворена личност, срамежлива и бавно стекнував доверба кон луѓето. Но, во Скопје Мериот запознав прекрасни луѓе, моите претпоставени, моите соработници, сите се трпеливи, грижливи и разбирливи. Успевам да направам рамнотежа меѓу студиите на Универзитетот за туризам и менаџмент и моите професионални ангажмани. Откако сум дел од тимот посетувам и бројни обуки и курсеви за Меѓународниот бренд Marriott, како и за хотелиерството и туризмот воопшто. Ова искуство ми помогна да ги откријам моите соништа на професионално ниво. Угостителството е областа каде што се гледам себеси во иднина и се чувствувам среќна што можам да имам практично искуство додека студирам, и тоа не во било кој хотел, туку во најсилниот бренд во нашата земја. Се чувствувам самоуверено, оваа самодоверба никогаш не помислив дека ќе ја имам, но по добар работен ден поминат тука и активна комуникација со многу луѓе, успеав да ја скршам таа обвивка што ја носев толку долго.”

Можноста која младите од СОС Детско село ја добиваат со Youth Empowerment програмата нуди понатамошен кариерен развој, искуство, можност за стекнување нови вештини и знаења. Ваквиот тип програми им помага на младите ентузијасти како Хабиба Папиќ да го пронајдат своето место и успешно да се интегрираат во општеството.

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...