Скопје не спие овој викенд, големи попусти и забава на Late Night Shopping во Skopje City Mall!

Skopje City Mall Ви го најавува големиот “Late Night Shopping“ со големи попусти и возбудлива програма, кој и оваа година ќе понуди одлична забава и поинакво шопинг искуство.

Late night shopping-от започнува во петок на 23ти јуни од 18 часот и ќе трае сѐ до полноќ. За сите посетители кои нема да успеат да дојдат, Skopje City Mall се погрижи попустите да продолжат преку целиот викенд. Намалувањата ќе се движат и до -70% на одредени парчиња од 130 брендови. Дел од учесниците се: Zara, Bershka, Mango, Stradivarius, Fashion&Friends, Peko, Timberland, Pull & Bear, Terranova, Nike, Adidas Store, Mona, JYSK, AMC, Anhoch, Lacoste & Tommy Hilfinger, Koton, Tom Tailor, Arthurs, Nine West, Orsay и многу други. Целосната листа на попусти и информации може да ги погледнете на www.skopjecitymall.mk/lns по 20 часот.

За време на настанот ќе настапуваат неколку бендови и диџеи кои ќе се грижат за убавата и весела атмосфера. Сцената во 18 часот ќе ја отвори младиот рок состав “Без пардон“, а по нив ќе настапат Dj Тоше придружуван од Бока конга, потоа ќе следи проектот “Latins“ на уникатниот саксофонист и “DJ Боби“, а по него ќе настапи групата “Метаверсус“. Настанот ќе го заокружи “DJ Leon“ со одлична smooth house музика.

Тимот од Skopje City Mall ќе ги освежува посетителите со бесплатни коктели со секоја приложена фискална сметка од над 500 денари. Покрај попустите и забавата со коктели, најинтересната активност што овој пат ја организираа од трговскиот центар е Style hunting-от, односно модна патрола составена од четири модни блогери. Тие за време на настанот ќе патролираат низ трговскиот центар и ќе “ловат“ стилски облечени посетители.

“За нашиот тим Late Night Shopping е голем предизвик, имаме изградено одличен имиџ за овој настан, секоја година настојуваме да биде подобар и пософистициран, a сигурни сме дека оваа година ќе биде еден од најуспешните заради бројот на закупци кои ќе учествуваат со попусти, богатата и разновидна музичка програма, како и вредните подароци кои ќе ги доделуваме за најдобрите стилови и за точно одговорените прашања”. – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Skopje City Mall ги повикува сите кои се подготвуваат за летото да дојдат во трговскиот центар и да уживаат во забава и шопинг на попуст преку целиот викенд.

 

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...