Скопје покажа дека е град за велосипеди – Околу 2.000 пријавени на Скопје на точак!

Околу 2.000 луѓе беа пријавени на Скопје на точак. Тие ги возеа своите велосипеди на караванот кој се одржува втора година по ред. Скопје покажа дека е вело град, исто како во минатото.

Возењето велосипед ќе им помогне на сите да се грижат за своето здравје и да ја заштитат животната средина. Скопје на точак е под покровителство на Град Скопје и се организира од Сојуз на спортови на Скопје.

За безбедноста на караванот и неговите учесници се погрижија МВР кои заедно со организаторите ги водеа учесниците по брзина од 20км на час.

Регистрацијата беше бесплатна и на лотаријата беа доделени неколку подароци и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови.

x

Check Also

Дури 84% од родителите се загрижени за онлајн безбедноста на нивното дете, но не одвојуваат време да зборуваат за тоа

Новото глобално истражување на Касперски открива предизвици зад ограничените семејни разговори за ...