СКОПЈЕ СИТИ МОЛ И КОРЕА АУТО ТРЕЈД ДОДЕЛУВААТ ПАТУВАЊЕ ЗА ДВАЈЦА НА ФИНАЛЕTO НА ЕУРО 2016 ВО ФРАНЦИЈА!

 

Над 7 милиони фудбалски фанови ќе бидат дел од големото финале на „Стад де Франс“ во Сен Дени во близина на Париз на 10 јули, истиот оној стадион на кој беше и отворањето на 10 јуни со натпреварот Франција – Романија.

Долги моменти на трепет и исчекување, а потоа френетично славење ќе го следат најубедливиот триумф на една селекција на ЕУРО 2016, со околу 80 милиони фудбалски работници и навивачи и 2.500 претставници на медиумите.

gol 1

Фудбалот е глобална љубов, а ЕУРО 2016 е синтеза на најпопуларниот спорт, најголемите спортски имиња и огромна еуфорија. Тоа ги поттикна Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, да ги поддржат сите фудбалски фанови, идни фудбалери и навивачи, креирајќи активности со кои ќе внесат возбуда во овие денови на фудбалското првенство и ќе ги наградат потрошувачите.

„Сите ќе можат да ги покажат своите фудбалски способности и да освојат патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција, а освен таа голема награда, нашите потрошувачи ќе можат да освојат и многу официјални награди. Ги поканувам сите фудбалски фанови да дојдат во Скопје сити мол до 10 јули и да си обезбедат присуство на едно од најголемите и највозбудливи спортски случувања на денешницата“, изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје сити мол.

Скопје сити мол со иницијативата „Шут, гол, Сити мол!“ одново ќе им донесе радост и возбуда на своите потрошувачи, сакајќи да ја сподели страста кон фудбалот и поттикнувајќи партиципативен и толерантен спортски дух и фудбалска култура, во контекст на Европскиот шампионат во фудбал.

„Фудбалот игра многу голема улога не само како спорт и начин на одржување на физичката кондиција, туку како глобален феномен што има еднакво влијание на секој континент и е еден од првите спортови што ги охрабруваат младите на зближување. Од тие причини, пресреќни сме што ќе им овозможиме на двајцата најсреќни потрошувачи да бидат дел од овој врвен европски фудбалски настан“, изјави Maрко Хорват, претставник од Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија.

Скопје сити мол секојдневно се труди да ги крева стандардите и културата на пазарење, обезбедувајќи највозбудливи доживувања за своите потрошувачи, овој пат преку фудбалот како спорт што обединува и креира позитивни вредности.

 

 

 

 

x

Check Also

Новите Ray-Ban очила за сонце се „лудница“  

Новата колекција на очила за сонце насловена Ray-Ban Studios x Honey Dijon е ...