Скопје трча 10КМ: Изненадување од Виз Ер Скопски маратон

Организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон подготвува нова трка во спортскиот календар на градот. Скопје трча 10КМ е изненадувањето кое се креира долго време и кое цели кон воспоставување на уште една спортска манифестација која ќе ги поткрепи темелите на спортот во Македонија и Скопје.

„Скопје трча 10км е нов спортски настан кој ќе овозможи дополнителна шанса за спорт и рекреација на нашите граѓани. Во соработка со Виз Eр Скопски маратон, го подготвивме овој значаен спортски настан за љубителите на трчањето, со цел да ги развиваме здравите навики кај младите, но и кај сите генерации. Задоволство ми е што Агенцијата за млади и спорт е генерален покровител на “Скопје трча 10км”. Трката на 10 километри ќе се одржи на 8-ми октомври, долж улиците на Скопје, во пресрет на 11-ти октомври – Ден на востанието. Трчаме за развој на спортскиот дух и зголемена афирмација на рекреативното трчање во Македонија.“, посочи Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт.

„Свесни за трчањето како спортски општествен феномен кој завзема значаен дел од животот на спортистите, рекреативците и обичниот човек, решивме да го пополниме мозаикот со уште една квалитетна трка со која сакаме да придонесеме, трчањето да добие уште повеќе на масовност и квалитет. Очекуваме трката да прерасне во традиционален и меѓународен настан.“ истакна Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.

„Пријавувањето за Скопје трча 10КМ го отворивме пред една недела и очекуваме голем интерес. Сакаме ваквиот вид на улични трки, кои веќе земаат замав во сите други земји, да се темел на трчањето во Скопје. Покрај Виз Ер Скопски маратон ова е уште една етапа во остварување на оваа желба“, рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон. Синадиновски ги повика сите кои го сакаат трчањето да се пријават на Скопје трча 10КМ и додаде дека стартните пакети ќе се подигаат на 7ми октомври во СЦ „Борис Трајковски“.

Скопје трча 10КМ ќе се одржи во недела, на 8ми октомври 2017, долж улиците на главниот град. Со ова од Виз Ер Скопски маратон потенцираат дека сакаат да започнат нова традиција во одржувањето на уличните трки. Покрај Виз Ер Скопскиот маратон и Женската трка претстојната Скопје трча 10КМ е уште еден сегмент на промоција на спортскиот начин на живеење и сите доблести кои го следат овој животен стил.

Покрај трката на 10 километри ќе се одржи и штафетна трка на 2 х 5 километри. Во склоп на трката на 10 КМ интересно е да напоменеме дека ќе има и тимско натпреварување а со тоа компаниите очекуваме повторно да ги одмерат своите спортски сили.

Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K) се организира од страна на Сојуз на спортови на Скопје, Атлетски клуб Работнички и Атлетска Федерација на Македонија. Пријавувањето започна во петок, 15.09.2017, и секој кој е заинтересиран за регистрација може да ја посети официјалната веб страна: http://www.skopje.run/.

 

Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за Млади и спорт, помогната од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА), а од следната година е предвидено да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).

x

Check Also

Ерден Сарач – Насмевката на лицето е најважна за здрав и долг живот

„Модерниот живот претставува голема опасност за нашето здравје, го уништува нашето тело ...