#СкопјеГурман – стартува кампањата која ќе го претвори градот во најгурманско место до сега

Водечкиот сајт за попусти и воедно лидер во е-трговија – Grouper.mk ја најавува новата кампања  – “Недела на храна под слоганот Скопје гурман ти ќе бидеш”.

“Kампањата “Недела на храна ќе го претвори Скопје во најгурманско место до сега преку понудата на над 100 зделки по непобедливи промотивни цени од преку 50 локални ресторани. Oние кои не следат знаат дека ниедна наша кампања не поминува без подароци и предизвици па така и оваа кампања ќе биде полна со изненадувања. Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании.” – раскажува Нина Ангеловска, генерален менаџер на Grouper.mk

Песната “Скопје младост ти ќе бидеш” е инспирација за овогодинешниот слоган #СкопјеГурман (ти ќе бидеш), a видеото за најава на гурманската кампања го подготвивме заедно со тимот на Reborn

 

Видеото на рекламната кампања погледнете го – ТУКА.  

Недела на храна” е единствена кампања во градот која ги обединува скопските ресторани и служи како гурмански водич. На граѓаните им овозможува да откријат нови места, да посетат голем број ресторани, да пробаат различни вкусови и сѐ тоа по промотивни цени со попуст. Од Grouper велат дека ќе следи месец во кој готвењето ќе биде ставено на мирување и ве повикуваат да се препуштите на дегустации и уживање во различни вкусови и локали.

Дел од рестораните кои ќе имаме прилика да ги посетиме со “Недела на Храна” се: ФОРЦА бар & ресторан, SushiCo, Veneto City Mall, Италијански ресторан “Кај Џино”, Squeeze Me, Ќебапчилница “Тетекс”, Мекиците од Стража, Хотел ресторан “Senigallia”, Public Room, Рок Кафана Рустикана 2.0, Радост и многу други деликатесни места кои ќе ги отворат вратите за сите Grouper гурмани.

Гурманските зделки се категоризирани во мени кое ќе биде објавувано во текот на една недела додека рокот за користење ќе биде до средината на месец јули. Понеделник започнува со Pizza & Pasta, вторникот е најавен како ден на бургери, а вкусната недела ќе продолжи со азиска храна, BBQ месо & риба, десерти, салати и мезиња и hangover појадоци & veggie bar.

За инстаграмџиите кои не ја пробуваат храната пред да ја фотографираат ќе има ФОТО НАТПРЕВАР на Instagram & Facebook преку кој ќе се одберат најдобрите 10 фотографии од Недела на Храна поставени со хаштагот #СкопјеГурман + локацијата на ресторанот, кои ќе бидат наградени со вредни Делимано подароци.

На крајот на вкусната кампања, Grouper заедницата ќе ги одбере најдобрите ресторани во повеќе категории.

Повеќе информации за кампањата може да најдете на нивниот блог https://blog.grouper.mk/nedela-na-hrana/

 

x

Check Also

Skopje Beer Fest 2019: Големи музички имиња, повеќе од 30 концерти за 4 дена на 2 бини

Од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градски парк ...