Слатка причина за откажување: Кејт Мос веќе нема да позира гола

Ете, дојде и тој ден – Кејт Мос веќе нема да позира гола, пишува весникот „Мирор“. Ова е навистина изненадување за фановите на модата зашто до сега Мос ја имаме видено повеќе гола отколку неразголена на фотографиите. Но како и сите убави нешта, и на ова му дојде крајот.

Причина за ваквата одлука? Кејт Мос повеќе не сака да ја срами својата 12-годишна ќерка, Лила Грејс. „Не верувам дека ќерка ми сака да ме види во тоалетот. Лила ме видела гола. И рече –да, мамо, има многу од тебе на оние фотографии. Таа ме виде и во Плејбој“, објаснува Мос.

Во разговорот за „Мирор“ топ моделот понатаму објаснува дека поради тоа што ќерка и е веќе тинејџерка, таа ќе се откаже од позирање гола.

„Забораваме дека и славните личности се луѓе“, додава Мос.

km4

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...