Слаткарница на модната марка Прада го освои Лондон

Луксузната италијанска модна марка Прада се одлучи на смел чекор – да отвори слаткарница во срцето на британската престолнина. Слаткарницата официјално ќе биде отворена на почетокот на април, а лондончани веќе со нетрпение очекуваат да ги вкусат производите.

Името на слаткарницата е Prada Marchesi 1824, и како сите производи од Прада, и оваа слаткарница плени со префинетиот дизајн во кој доминираат пастелните нијанси и „vintage“ дрво, заедно со прекрасните старински стаклени излози и бројни други модерни детали.

Менито е магнетски привлечно – од традиционалниот италијански Пантоне колач, преку зашеќерени бадемчиња па се до весело обоени чоколади. А доколку слатките не ви се омилени, тогаш може да го посетите еспресо барот во составот на слаткарницата.

x

Check Also

Поглед на комплексот „Куќичка на дрво“ кој наскоро се отвора во Италија

Фантастичниот комплекс насловен Куќичка на дрво наскоро ќе биде отворен, а се ...