Слатки гастрономски трендови: топ 5 најдобри кафулиња за чоколадно кафе

„Едно топло чоколадно кафе, ве молам“. – Со млеко, црно, бело, со овошен или цветен мирис? Вака некако би изгледал разговорот меѓу вас и келнерот вработен во едно кафуле специјализирано за чоколадно кафе и десерти.

Кафулињата специјализирани за чоколадно кафе се тренд во светот. Ние одбравме пет од нив, кои доколку се најдете во некои од овие градови, се места кои треба да ги посетите.

kafe 1 Кафе Флеури- чоколаден бар, Бостон

Се наоѓа во бостонскиот луксузен хотел Ленгам, а веднаш штом ќе го пречекорите прагот ќе се најдете во чоколадната земја на чудата. Се нудат најразлични вкусни чоколадни десерти вклучувајќи го и легендарниот Ленгам чоколаден пудинг. Нема да згрешите и ако се одлучите за чоколадни тартуфи или таканаречените „котон кендис“. Се служат и чоколадни пити, а да не го спомнуваме богатото мени со најразновидни чоколадни кафиња.

kafe 2 100% чоколада бар, Токио

Овој бар е неодамна отворен и претставува вистински рај за љубителите на чоколада. И самиот бар е дизајниран во „чоколаден“ ентериер, со тавани во облик на чоколада, а благодарение на стаклените ѕидови можете да „ѕирнете“ во кујната каде што се подготвува вашиот сладок десерт (и како се подготвува).  Менито наречено Библиотека содржи 56 различни типови на чоколада, а се послужуваат декорирани во светли бои.

kafe 3 Рабит 1745, Лондон

Овој ресторан и бар е целосно посветен на чоколадата, а со него раководи врвниот готвач Џон Бентам. Тешко се доаѓа до маса, па резервацијата е пожелна. На 14 ноември ќе се отвори вториот ваков бар во Лондон, со истата понуда, од истиот сопственик. Ако сте веќе таму, моментален маст-хев е „какао порк бели“.

kafe 4 Макс Бренер, Бетесда

Се отвори пред само неколку месеци во Бетесда (Мериленд) под раководство на славниот Макс Бренер – човекот кој има цел да создаде нова чоколадна култура во светот. Од богатото мени најбаран е десертот „чиста чоколада- гранита“ кој е мешавина од крем и чоколада, а се служи со мраз.

kafe 5 Шоколат, Милано

За што и да се одлучите нема да згрешите. Сакате чоколаден десерт или кафе со цимет, ванила, агруми, ф’стаци, лешници…Барот се наоѓа во центарот на Милано, а нуди и широка понуда на чоколадни топли и ладни кафиња. И чоколадните колачиња се фантастични! А ние ви го препорачуваме сепак, чоколадниот кафе-сладолед со ѓумбир.

Ј.К.

x

Check Also

Мекдоналдс ја предизвикува Гвинет Палтроу со свеќи со миризба на хамбургер

По повод педесетгодишнината, Мекдоналдс објави колекција на свеќи со миризба на хамбургери. ...