Слатки летни намирници со најмалку калории

Со што да се засладите на плажа?

Ако не можете да им одолеете на слатките дури ни во текот на летото, кога претпоставуваме многу повеќе се грижите за вашата линија, еве на што би можеле да кажете со задоволство „да“.

Сладолед

Во зависност од производителот и намирниците вклучени во „парчето“ сладолед, можеби не би можеле постојано да велите „да“ на сладоледот со чоколада, но секако би можеле на овошниот сладолед особено ако е домашно подготвен.

Пред да уживате во сладоледот погледнете колку маснотии содржи, зашто секој сладолед си има посебна калориска вредност. Крем-сладоледите се прават со додавање на шлаг во млечниот сладолед, а со додавање на овошје се прави овошен сладолед. Енергетската вредност на овие сладоледи е од 100 до 250 калории за 100 грама. Значи ваквите два типа на сладоледи може да бидат одличен сладок меѓуоброк. И запомнете, во сладоледот на стапче секогаш се кријат двојно повеќе калории од две топки сладолед нарачани во слаткарница.

Ајс кафе

Совршен сладок пијалок додека сте на плажа. Единствено на што мора да внимавате е додадениот шеќер. Доколку сакате да уживате во овој пијалок нарачајте го без шеќер и со крем-сладолед од ванила, без дополнителен шлаг. Со многу мраз, се разбира. Содржи 120 калории.

Лубеница

Освежителен десерт со најниска калориска вредност. Лубеницата содржи најмногу 28 калории во 100 грама, дава чувство на ситост и многу е слатка.

Сангрија 

За суперрасположение на плажа одберете сангрија. Освежителна е, слатка и една чаша доволна е да ве засити. Направете ја со розе вино кое е помалку калорично од црното, ставете многу исечкано овошје по желба, лимон, мраз и уживајте во само 100 калории.

 

x

Check Also

Домашен сок кој ги „топи“ и најупорните масни наслаги

Овој здрав природен сок од домати, лимон, ѓумбир, целер и лута пиперка ...