Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. Подгответе го ова пилешко со брокула со слатко-солен сос и уживајте во префинетиот вкус.

Намирници – пилешки гради, брокула, 6 лажици мед, 4 лажици кечап, 4 лажици кафеав шеќер, 2 лажици оцет (балсамико), 3 лажици соја сос, 1 лажичка лук во прав, малку сусам.

Подготовка

Прво, измешајте го медот со кечапот, оцетот, соја сосот и лукот. Ставете две лажици маслиново масло во тава или вок, па додадете го посоленото пилешко месо исечкано на парченца. Пржете го околу 10-на минути. Додадете ја исечканата брокула и на крајот прелијте со сосот. Гответе и мешајте уште 5 минути додека пилешкото добро се испече, а брокулата да омекне. Ако е потребно, додадете лажица-две вода. На крај, наросете сусам.

Сервирајте со варен ориз.

x

Check Also

Витаминка со право на користење на ликовите “Minions”

Мега популарните “Minions” ќе се аплицираат на Стоби Флипс со вкус на ...