Славица Георгиевска: Постои некоја магија меѓу филигранистот и сребрените жици

„Мојата филигранска приказна започна благодарение на мојот татко кој беше златар, па јас ја имав таа привилегија да го изучам овој прекрасен занает од најдобрите мајстори во чаршијата.LOGO FBYCACI
Знаете, кога еднаш ќе бидете во контакт со сребрените жици од кои може да се создаде се што ќе посакате и замислите, нормално со многу труд и љубов, враќање назад веќе нема.1S
Како да постои некоја магија помеѓу вас и сребрените жици“, ни раскажува Славица Георгиевска.

DVNJSCNSCNSCA
За неа филигранството е предизвик на кој не може да му одолее, страст која може да ја почуствува само филигранистот.RWWRWRWVDDVAVAD
„Почнувате да создавате накит каков што ќе посакате.Се што ќе си замислите вештите раце на филигранистот можат да го изработат во парче накит како на пример, пеперутката и гулабиците кои се наши симболи.

iphonedots2
Старите мајстори изработувале традиционален филигран, но денес филигранот во комбинација на традиционален со модерен дизајн, каде е вметнат македонскиот рубин, е вистинско ремек дело. Бренд на нашата татковина“, додава таа.S2
 Филиграните на Славица Георгиевска може да се најдат на фејсбук страницата „FiligreeByCaci” .

 

x

Check Also

Направете сами весели алки за ова лето

Наместо да купувате, направете си сами весели алки за ова лето. Еден ...