Ниту светски познатите ѕвезди не остануваат рамнодушни на сјајот на современиот дијамантски накит на Сара Хо кој не познава години ни трендови.

Славната дизајнерка на дијамантски накит Сара Хо во Македонија

Изложбената поставка на гламурозен мозаик од дијамантски накит на Сара Хо во следните дваесет дена ќе биде отворена за широката јавност и ќе може да се погледне во „Божиновски часовници и накит” на улица Македонија во Скопје.

b 123

Дизајнерката на Парис Хилтон, Хелена Кристенсен и Кели Озборн ја посети Македонија и ја претстави својата екслузивна колекција скапозен дијамантски накит.

Она што Мерилин Монро одамна им го кажа на девојките ширум светот, светски познатата дизајнерка на дијамантски накит Сара Хо ги потсети Македонките, на настанот наречен „Дијамантите се најдобрите пријатели на жената“.

b234
Концептуалниот настан на кој за првпат во Македонија беше претставена луксузната колекцијата на оваа дизајнерка со светска репутација, се одржа во четвртокот вечерта, во ексклузивниот продажен салон “Божиновски часовници и накит” во Скопје.
Повеќекратно наградуваната дизајнерка Сара Хо, ќерка на познатата англиска манекенка Суки Портер на своето прво присуство во Скопје ја промовираше својата особено импресивна и неодоливо привлечна колекција модерен, дијамантски накит.
b456

Низ ексклузивниот настан присутните ги водеше харизматичниот актер Васил Зафирчев кој инспириран од блескавите дијамантски парчиња, заедно со партнерката-танчерка Јована Василева, изведе сензуална, камерна изведба на темата Карузо од Лара Фабијан.

Изложбената поставка на гламурозен мозаик од дијамантски накит на Сара Хо, која е дел од поширока европска турнеја на дизајнерката, во наредните дваесет дена ќе биде отворена за широката јавност и ќе може да се погледне во „Божиновски часовници и накит” на улица Македонија во Скопје.

Посетата на Сара Хо на Македонија беше организирана од „Божиновски часовници и накит” каде единствено може да се купи дијамантски накит со потпис на Хо. Освен како накит, за прв пат во Македонија може да се купат и дијаманти во форма на скапоцени камења кои претставуваат вреден капитал, сертифициран од реномирани светски гемолошки институти.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...