Славни дами со кои дизајнерите одбиле да работат зашто не носат број 36

Ова се славни лица кои доживеале одбивање од дизајнерите поради своите килограми, но и покрај тоа останале позитивни и блеснале во облека на некој друг дизајнер – од планетарно популарната Бијонсе до познатата Кло Кардашијан и оскаровката Октавија Спенсер.

Бебе Реџа е одбиена од неколку дизајнери кога и требал фустан за доделување на Греми наградите во 2019. Сепак, благодарение на Монсури таа блесна на црвениот тепих во преубав црвен фустан. За ова се полажи на Инстаграм, нагласувајќи дека ако нејзината големина за дизајнерите е преголема, и таа не сака да ги носи нивните „возвишени креации“.

Тешко е воопшто да се помисли дека Бијонсе може да се најде на оваа листа. Уште додека била дел од групата Destiny’s Child, пејачката признала дека мајка ѝ ги шиела костимите за настапи и тоа бидејќи дизајнерите не сакале да креираат „за полнички Афроамериканки“. За тоа проговоре на доделувањето на награди на Fashion Icon Awards.

View this post on Instagram

#THROWBACKTHURSDAY Always serving looks 🌸🌼☘

A post shared by Destiny's Child (@destinyschild) on

Ешли Грем призна дека ја одбиле многу брендови зашто не била според нивниот „модел“.

View this post on Instagram

Met Memories☁️

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Мелиса Мекарти е една од плус-сајз моделите кои отворено зборуваат за тоа колку е тешко да се најде идеална облека за нивната фигура. Таа веќе се изморила од тоа да пронајде дизајнер за себе, па одлучила да основа сопствена модна линија.

Октавија Спенсер на новинарите им рекла дека ѝ било многу тешко да најде фустан за Златен глобус 2012. 

Рекла дека е ниска и буцкаста, па дека дизајнерите едноставно не и приоѓаат и дека наоѓање на совршен фустан за неа е многу стресна работа.

Клои Кардашијан која е пополничка од останатите сестри, имала проблем со дизајнерите кои ја одбивале, но откако симнала неколку килограми на сите им докажа дека тие се виновни. 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Летиција од Шпанија работи во домашна атмосфера со мокасинки

Шпанија доживува тежок период поради итните случај од коронавирусот. Па дури и ...