Славните ја сакаат диетата Дукан

Пробајте ја, гарантира успех, а позната е по девизата „можете да јадете колку сакате“, се разбира само одредена храна.

Доктор Пјер Дукан е основач на оваа диета

Доктор Пјер Дукан е основач на оваа диета

Диетата Дукан има четири фази. Првите две водат до нагло губење на килограмите, а другите две се фокусирани на долгорочно одржување на линијата. По слабеењето нема да ги наталожите повторно изгубените килограми.

Прва фаза

Времето на траење на првата фаза е најмалку една недела, а најмногу десет дена, и за тој период би требало да се изгубат првите 3 килограми.

Во оваа фаза се јаде само протеинска храна. Дозволени се: пилешко месо, месо од мисирка, јајца, риба, морски плодови, соја. Количеството не е ограничено, но во текот на денот задолжително е консумирање литар и пол вода и пешачење 20 минути.

Соковите и алкохолот се строго забранети во првата фаза! Дозволен е само сок од домати, природен. Строго забарнети се и тестенините, леб, ориз, грашок, грав, компир. Не се дозволени ни салати ни зеленчук, а препорачливо е да се избегнува свинското месо.

Целта е консумирањето на шеќери да се сведе на нула.

 

Кејт Мидлтон е следбеник на оваа диета

Кејт Мидлтон е следбеник на оваа диета

Втора фаза

Втората фаза се држи сè додека не се постигне саканата тежина, а на секои три дена се слабее по половина килограм.

Втората фаза е клучна за губењето на тежина. Во текот на оваа фаза е важно: еден ден во неделата да консумирате само протеини, потоа еден ден протеини и зеленчук, па повторно еден ден само протеини итн.

Дозволен зеленчук: брокула, спанаќ, цвекло, краставица, домат, печурки, ‘рдоква, црн домат, зелка и кромид. Забранет е зеленчукот што содржи скроб, односно компир, боранија, леќа, грашок, грав, пченка. Дозволен е сок од домати без конзерванси.

Жизел Бундех е постојано во четвртата фаза на Дукан

Жизел Бундхен е постојано во четвртата фаза на Дукан

Трета фаза

Времетраењето на третата фаза е онолку денови колку што сте изгубиле килограми во првите две фази. Ако се тоа десет килограми, тогаш третата фаза треба да трае цели десет дена.

Ова е период на стабилизација, во оваа фаза полека се воведуваат продуктите што беа забранети во минатите две фази, а се продолжува со секојдневното консумирање на неограничено количество протеини. Сега се дозволени и јагнешкото и свинското месо, неограничени количества салата и зеленчук.

 

Секогаш со Дукан

Џенифер Лопез – Секогаш со Дукан

Четврта фаза

Фаза наречена „секој четврток“.

Четвртата фаза е одржување. Авторот на оваа диета тврди дека ако секој четврток јадете само протеини, а сите други денови во неделата јадете што сакате, нема да се здебелите.

 

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...