Следната недела е недела на родените во знакот на Вага! Вагички, подгответе се за љубовни изненадувања!

Од понеделник, 29 октомври, планетата на љубовта, Венера, го нашушта знакот на Шкорпија и влегува во знакот Вага. Оваа промена ќе донесе многу љубов и страст на сите воздушни знаци, а пред се – на Вагите!

Родените во знакот на Вага, следната недела, конечно ќе можат да земат длабок здив од проблемите, особено на љубовно поле. И многу повеќе од здив – планетата на љубовта ќе блеска најмногу за родените во Вага, подготвувајќи им бројни изненадувања. Ова силно влијание на Венера врз Вагите нема да трае само една недела, туку целиот ноември кој за нив ќе биде месец на големи емоции, силни страсти и чувства во приватниот живот. Осамените Ваги ќе имаат бројни можности да запознаат нови лица и најпосле, да се вљубат до уши, а љубовта, секако, ќе им биде возвратена. Недела (4-ти ноември) за многу Вагички ќе биде незаборавен ден!

Но, и на работен план, Вагите ги очекуваат важни новости. Навистина, пред нив е еден подолг период бакнат од ѕвездите. Искористете го и не пропуштајте ниедна прилика.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...