Панче и Невена со децата

Смели и свои: Три генерации Кочовски

Приказната за талентот и уникатноста на жените Кочовски почнува со Невена, која освен што долги
години помина на сцената како дел од ансамблот „Мањифико“, на своите две ќерки и внуката успеа да им ја пренесе својата грациозност и виртуозност на сцената и вон неа, но и тој единствен ген на популарност.

Тања Кочовска

Тања Кочовска

Невена Кочовска, позната како изведувач во ансамблот „Мањифико, сопруга на Панче и мајка на Лидија и на Тања, голем дел од својот живот помина на турнеи, концерти и патувања и одвоеност од ќерките и семејниот живот, но сепак својата есенција и квалитетите во кои веруваше, успеа да ги пренесе на своите две ќерки и внуката Нела.

Нела Павловска

Нела Павловска

По повод Меѓународниот ден на жената, ја прашавме Тања со какви верувања растела и кои биле најважните нешта што и ги пренела нејзината мајка:

„Кога растевме, мајка ми беше единствена и непоколеблива во намерите да ни ги пренесе вредностите за кои таа се залагаше. Веруваше дека нема да научиме ништо од животот ако се воздржуваме од искуства и доживувања и затоа нé поттикнуваше да живееме со полни гради и да ги користиме своите вештини издигнувајќи се над неповолните ситуации во животот. Мојот и животот на Лидија, па и на ќерка ми Нела е живот, исклучиво по наш избор, живот што си го откупивме со сопствени раце“ – вели Тања Кочовска, една од нашите најпрепознатливи актерки, жестока и впечатлива на сцената, хумористична и доследна на својот имиџ со 23 годишна актерска кариера зад себе и многу интернационални и локални
признанија и награди.

Нела, исто како и Тања и Лидија ја носи својата женственост и грациозност како накит, во кој се проткајуваат бисери од одмереноста и сензибилноста на Невена, но и непоколебливоста да се биде свој по секоја цена.

k Тања Кочовска

Сé она што е со некој општествен рецепт за успех пропишано, не ги заобиколи ниту воспитните механизми на мајка ми да ни всади демократски идеали, посветеност за добивање диплома од високо образование, почитување на некои општествени норми, грижа за постарите, помош и поддршка на сите кои имаат или можат помалку од мене“ – додава Тања.

Жените Кочовски, уникатни и борбени карактери, доказ и верба која охрабрува други, дека во кое било опкружување, ќе најдат начин како себеси и на другите да им го разубават животот. Не се плашат од она што го носи иднината и веруваат дека ги заслужиле благодетите што ги живеат, бидејќи ги негуваат и ги чуваат правата и изборот што го направиле.

За сите оние силни, неверојатни, моќни жени со кои сме опкружени, нашите мајки, ќерки и баби, оние што секогаш ни даваат поддршка, спонтано и ненаметливо, Скопје Сити Мол креираше активности за сите три генерации жени кои ќе добијат 30% попуст и други вредни подароци со специјалната програма за 3 генерации!

Скопје Сити Мол, вистинското место каде ќе најдете сé за вашите сакани!

x

Check Also

Поглед на есенската премиум колеција на Zara

Zara го лансираше едиторијалот за да ги претстави новите модни парчиња од ...