Со атрактивна фотосесија DIAS ја претстави новата женска колекција (ГАЛЕРИЈА)

Модната марка DIAS со атрактивни фотографии ја претстави новата женска колекција дизајнирана за сезоната пролет/лето 2019 година.

Фотосесијата е насловена Life is a Rodeo, а акцентот е на смелите и уникатни модели на кожени чевли и чанти.

-Можноста сами да ги дизајнирате чевлите и чантите, што значи да одберете модел, кожа, ѓон и слично, дава посебен печат на производите на DIAS. Изборот е огромен, а возбудата при дизајнирањето е неповторлива, вели Драгана Ангелоски, сопственичка на модната марка DIAS.

Модната марка DIAS е препознатлива на македонскиот пазар по своите оригинални производи со модерен дизајн и врвна изработка.

Над 150 видови на кожа, повеќе од 30 модели на чевли и над 20 вида на ѓонови доволно говорат дека секој може преку кожените производи на DIAS да ја претстави својата креативност и оригиналност.

Со оглед на тоа што во периодов повеќето термини за дизајнирање и изработка на custom чевли се букирани, закажете ги навреме вашите консултации во DIAS.

Салонот DIAS се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539

 

x

Check Also

Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето ...