Со босилек и мраз против убод од комарци

Тешко е во ова време на годината да се одбраниме од здодевните комарци, но постои начин како да го ублажите сврабежот и црвенилото.

Вистинско решение во тој миг е мразот. На местото каде инсектот ве „грицнал“ ставете коцка – две мраз зашто студената облога ќе го „замрзне“ нервот, а со тоа чешањето и пецкањето ќе се смират.

Ако комарецот ве убоде дома, веднаш истријте го тоа место со малку мед или со лимон и болката ќе исчезне. Сода бикарбоната помага и во овој случај зашто содржи алкална компонента. Можете да ставите и малку паста за заби, затоа што таа ја лади кожата, а со тоа го намалува чешањето.

Босилекот е исто така од голема помош, со оглед на тоа дека содржи тимол и камфор кои го смируваат пецкањето. Лист од оваа ароматична билка ставете директно на убодот.

x

Check Also

Крем од банана против упорна кашлица и бронхитис

Неговото дејство е тестирано во третманот на постојана кашлица и бронхитис. Особено ...