Со ѓумбир против грип, ви носиме рецепт за здрава напивка

Промената на времето во комбинација со стресот можат да го ослабнат имунитетот, па ви носиме рецепт за сок кој ги спречува зимски вирози.

Сокот се прави од ѓумбир, куркума, портокал и мед. Богат е со витамин Ц, антиоксиданси, а дава енергија и одлична помош е при болки во грлото. Ѓумбирот и куркумата се познати по своите антивоспалителни својства. Уште една состојка која овој сок го прави моќен е планинскиот мед кој има посилно антибактериско дејство отколку останатите медови.

Состојки:

Половина чаша цеден сок од портокал

Изрендано парче ѓумбир

2 лажици планински мед

мала лажичка куркума

Сите состојки се ставаат во блендер. Пијте од сокот два пати на ден.

x

Check Also

Што знаете за третманот за подмладување карбокситерапија?

Карбокситерапијата е третман кој се користи за да се спротивставиме на знаците ...