Со помош на состојки од кујната отстранете ја непосакуваната фарба од косата

Ви здодеа бојата на косата или не сте задоволни со фарбата и резултатот од неа? Имаме решение од кујната.

Постои алтернатива, која е ефтина и безбедна и секако поздрава од сумпорен агенс.

Помешајте шампон и сода бикарбона!

Насапунете ја косата со оваа мешавина и нека отстои неколку минути. Измијте ја со топла вода. Повторувајте ја постапката неколку последователни дена додека сосема бојата не се отстрани.

Исто така, јаболковиот оцет е добар за косата од повеќе причини. Изобилува со корисни нутриенти и и дава на косата убав сјај. Сепак, со јаболков оцет не можете да ја отстраните фарбата. Но со редовно миење на косата со овој оцет, фарбата ќе осветли за две три нијанси.

Имајте предвид дека овие методи ако ги употребувате пречесто може да ја исушат косата.

x

Check Also

Супермоделките Ирина Шајк и Џоан Смолс во нова кампања на Викторија сикрет Bombshell 

Bombshell е нов парфем од популарната марка за долна облека Викторија сикрет. За ...