Има само 17 години: Со продажба на накит на млади дизајнери денес „тежи“ 250 милиони долари

Изабела Бела Вимс имаше само 14 години кога сама започна бизнис, ја основа својата фирма Оригами и почна да се занимава со промоција и продажба на накит на млади и неафирмирани дизајнери. Денес фирмата тежи 250 милиони долари.

Бела Вимс

Бела Вимс

Кога имала само 14 години Бела побарала од своите родители да и купат автомобил за нејзиниот 16-ти роденден. Но нејзините родители, Криси и Ворен, ја советувале дека подобро би било да почне да заработува и да учествува во купувањето на автомобилот, на старо.

origami 2

Така Бела одлучила да отвори своја фирма и да почне да нуди накит на неафирмирани и млади дизајнери.

origami 1

Накитот го продавала по нешто повисока цена од онаа која ќе ја одределе дизајнерите. Фирмата Оригами, основана во 2010 година за две години заработила 24 милиони долари.

origami 5

До крајот на годинава, известува Форбс, ова девојче кое денес има 17 години ќе биде сопственик на фирма „тешка“ 250 милиони долари, колку што се проценува Оригами.

origami 4

Изабела Бела Вимс само сакаше да си купи автомобил на старо за својот 16-ти роденден. Денес може да има цела колекција „ферари“, но веќе други и се интересите.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...