Со пролетта пристигна и новата колекција на „Navigare”

Без оглед на тоа дали будно ги следите модните трендови, или пак негувате безвременски вкус за облека, секоја нова сезона нуди можност да го надградите сопствениот стил и вметнете нешто поинакво во гардеробата. Пролетта е тука, што значи крај за дебелата зимска гардероба.

Дали вашиот стил е едноставен и лежерен, или пак рафиниран и елегантен, модниот бренд „Navigare” постојано нуди првокласни и елегантни парчиња облека, а нивните колекции обезбедуваат мажите да се чувствуваат како вистински џентлмени. Љубителите на модата сега ќе можат да уживаат во новата пролет-лето 2018 колекција со софистицирани дизајни со палета на бои  инспирирана од сензибилен и летен стил. Искусете висок италијански квалитет со парчиња облека изработени од најфини ткаенини во боите на летото.

Погледнете ја колекцијата.

 

x

Check Also

Тренд на неделата: Сандали на високи потпетици од GEOX

Деновите стануваат се потопли, па време е од чевли да поминеме на ...