Со ролерки се „топат“ 450 калории на час

Само со еден час ролање ќе потрошите дури 450 калории. Не само што оваа забавна спортска активност е иделна за слабеење туку и го зацврстува задникот и нозете. Дополнително оваа аеробна активност ни дава можност и ментално да се опуштиме.

Еве пет причини зошто да роламе.

1.

Ролањето му помага на телото да ги редуцира лошите хормони како кортизол, а го поттикнува лачењето на хормонот на среќата, ендорфин. Затоа со само еден час ролање ќе се чувствувате многу посреќно.

2.

Ролањето ги активира мускулите на целото тело, а посебно ги зајакнува мускулите на нозете и задникот. Со често практикување на оваа активност на забавен начин ќе се ослободите од целулитот, а вашата кондиција ќе биде на завидно ниво.

3.

Ролањето ги топи калориите и мастите. За час ролање ќе стопите меѓу 420 и 450 калории, а како ќе станувате побрзи и постабилни на ролерки, таа бројка секојдневно ќе се зголемува.

4.

Техниката на ролање не е тешка, па бргу се совладува. А самиот спорт не спаѓа во групата на скапи спортови. Се што ви е потребно се штитници и пар ролерки. И за разлика од сатниците во фитнес центрите, тука сами одлучувате кога ќе излезете на кејот.

5.

За разлика од другите спортски активности кои знаат да бидат здодевни, ролањето е суперзабавно, а со малку вложен труд ќе потрошите многу енергија, ќе направите многу за вашето здравје и ќе се чувствувате многу подобро.

x

Check Also

5 кратки совети од Ивица Јанев за поефективно вежбање

Кога за првпат почнувате со вежбање, мора да знаете дека точната форма ...