Со секој производ купен од Women’secret ќе донирате средства за борба против ракот на дојка

За да го одбележи октомври како месец посветен на борбата против ракот на дојка, шпанскиот бренд за долна облека Women’secret ќе спроведе акција под мотото  Women’secret и вие во борба против ракот на дојка.

WS&BORKA image-1

 

Во рамките на оваа акција со купување на било-кој производ од брендот од 15 октомври до 15 ноември 2013 година, купувачите ќе донираат средства за организацијата за борба против ракот Борка. Исто така, во продавницата на Women’secret во Скопје Сити Мол ќе биде поставена и кутија за донации.

Собраните средства од акцијата ќе бидат наменети за купување на помагала кои им се потребни на жените заболени од оваа болест како што се специјалните медицински градници, перики и слично.

 

Како дополнителен чекор во месецот посветен на борбата против ракот на дојка, Women’secret ја лансира и првата колекција на градници за жени кои поради болеста имале оперативен зафат на градите, за да продолжат да се чувствуваат женствено и одвнатре и однадвор.

x

Check Also

& Other Stories ја претстави колекцијата за меѓу сезоните

Преземете го стилот инспириран од Лос Анџелес со дизајни од креаторите на ...