Со Smoothie до подобар имунитет

Силен, добро-функционален имунолошки систем е камен-темелник на добро здравје, основа за успешна борба против болести и инфекции и овозможува побрзо опоравување. За одржување на имунитетот потребна е разновидна храна што обезбедува природно изобилство на витамини, минерали и фитонутриенти (соединенија кои се наоѓаат во растенијата и кои имаат својства за борба против заболувања); сите овие хранливи состојки работат заедно за да одржат високо ниво за имунитет на организмот.

Кои активни компоненти имаат супериорен нутритивен состав и помагаат во зајакнување на имунитетот?

Ѓумбирот содржи скриени фитонутриенти кои инхибираат влез на вирусите во клетки и промовираат секреција на антивирусни хемикалии.

Витаминот Ц или аскорбинската киселина, стимулира производство на бели крвни зрнца и антитела кои се борат против инфекции и е моќен антиоксидант што помага во штитење на клетките од оксидативен стрес. Најдобар извор на витамин Ц е цитрусното овошје како лимонот, портокал, грејпфрут.

Витамин А (бета каротен). Бета каротенот е пигмент кој во најголемо количество се содржи во морковот и истиот е потребен за синтеза во активен витамин А. Бета каротенот е силен антиоксидант кој помага во заштита на клетките од слободни радикали.

Куркумата содржи фитонутриент –куркумин кој има високо анти-инфламаторно дејство. Дополнително, куркуминот е моќен антиоксидант кој се бори против слободните радикали и ја зголемува активноста на телесните антиоксидантни ензими.

Комбинацијата на овие состојки нуди незаменливи имунолошки бенефити, а истите можете да ги внесете со консумирање на една чаша дневно Smoothie Immuno Boost на Виталиа.

И не само тоа, Immuno Boost содржи изобилство на овошје ( јаболко, урма, кокос и банана) и житарици што дополнително го збогатува нутритивниот состав на оброкот и ве снабдува со богатство на нутриенти за добра енергија и метаболизам.

Без глутен и додаден шеќер, овој револуционерен производ е рецептот за успешна заштита од грип, настинка и инфекции.

Како се подготвува Immuno Boost?

Брзо и едноставно!

Растворете 2 супени лажици (30г) во 150 мл вода. Промешајте, оставете да отстои неколку минути, повторно промешајте и уживајте во вистинска имуно бомба.

x

Check Also

5 намирници кои значително ги намалуваат алергиските симптоми

Додека некои се веселат на првите сончеви зраци и убавото пролетно време, ...