Со спектакуларна ревија на Фенди заврши Недалата на висока мода во Париз

Крзно, цветови, свила, бисери, волна…, колекцијата на висока мода за сезоната есен 2017 од Фенди, зад која стои модниот гениј Карл Лагерфелд, не остави никого рамнодушен. Со оваа импресивна ревија се затвори Неделата на висока мода во Париз.

Беа претставени фустани и сукњи, палта и пелерини, бунди и раскошни горни делови, како и впечатливи модни додатоци. Лагерфелд чантичките ги формираше во форма на реалистични цветови од кожа и крзно.

Раскошот е во детаљите кои навистина оставаат без здив. Експозија од бои, игра со тиркизните нијанси, виолетовите и портокаловите тонови кои се спротиставуваат на класиката – црна, бела и кафена.

Инаку, ова е трета колекција од високата мода претставена од луксузната модна куќа Фенди.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...