Soap Story, вистинската приказната за сапуните

Сосема случајно се сретнавме со оваа приказна, неодолива, мирисна, природна и полна љубов. Сигурно не сте му посветиле внимание на вашиот сапун во бањата, но овој пат сме тука да ви предложиме еден сапун кој ќе ве освои со неговиот изглед, мирис и природна моќ. Всушност, не е еден, ги има многу во кои ќе се вљубите од прва!



Приказната на Марија нè освои од прва, таа е уметник во својата работа, а како што вели самата „сапуните се нејзиното платно“.


– Приказната на сапуните е приказна која датира многу одамна. Уште од времето на мојата прабаба и која се пренесува од колено на колено. Јас само ја одржав во живот традицијата и ѝ дадов име – „Soap Story“. Ако Ви кажам дека оваа приказна започнува бајковито, како и другите, ќе ве излажам. Всушност, самата идеја за „Soap Story“ се роди во една крајно неповолна ситуација, „зачинета“ со ковид – кризата. Велат, кога „животот ти дава лимон, направи лимонада“, епа јас направив сапун, вели Марија, креаторка на „Soap Story“.


– Од неодамна ја проширивме палетата на производи која сега вклучува: путери за тело достапни во неколку ароми и бои, балсами за усни, пилинзи за усни, исто така, достапни во неколку ароми и бои. Нежните вегански лабела за усни достапни во 6 различни ароми се дел од нашите нови производи, како и уникатниот прав за капење, кој го нарековме „Unicorn Dust“ или „Прав од еднорог“.


– Дел од палетата на производи на „Soap Story“ се и пилинзите за тело, кои се формулирани со посебно внимание за да имаат совршена комбинација на ексфолијатори и масла согласно нивната намена. Нашите бомби за капење се хит производ и незаборавно спа искуство за сите кои ги пробале. И секако, сапуните се нашата трајна вредност. Ги имаме достапни во повеќе варијанти со различен состав и постојано ги подобруваме формулите.


– Нашите најпродавани сапуни се сапунот со активен јаглен и сапунот за зрела кожа, кој е комбинација на масла богати со линолејска киселина. За нашите клиенти имаме и достапни сапуни за дечиња, сапун со кравја маст, сапун со хибискус, цреша и сапун со невен.


– Секогаш инсистираме на природни материјали, но она што е уште побитно е тие да бидат од сигурен добавувач и да го исполнуваат нашиот критериум за квалитет. Од сировини, најчесто се користат природните путери и масла (какао путер, шеа путер, кокосово масло, бадемово масло, масло од јојоба, арганово масло, маслиново масло, рицинусово масло…), восоци (пчелин восок, карнауба восок, сојин восок…), екстракти од растенија, мацерати и глицерати, сосема безбедни минерални козметички бои, есенцијални масла, епсом сол (магнезиум сулфат)… Да, звучи премногу сувопарно и технички, но всушност убавината е во комбинирање на маслата, путерите и екстрактите.

 

– За да се направи еден добар сапун (или друг производ за кожа) потребно е да се знае липидната композиција на секое едно масло/ путер и да се доведе во совршен баланс за да може да ги има сите оние убави својства кои ја прават кожата мека, хидрирана, а истовремено совршено чиста.

 


– Интересен момент е што сè почесто ми се случува да запознавам луѓе кои со години се убедувале дека имаат сува кожа, а всушност станува збор за исушена кожа, што е многу поразлично. Исушената кожа, не е тип на кожа, туку настанува како резултат на погрешен третман на кожата со штетни хемикалии.


– Овие хемикалии се присутни во комерцијалните сапуни. Всушност, комерцијалните сапуни, воопшто и не се сапуни, туку детергенти „збогатени“ со згуснувачи, pH регулатори и сл. Она што недостига во крајниот производ кај комерцијалните сапуни се маслата и путерите кои прават оклузивен слој и ја негуваат кожата.


– Природните сапуни, за разлика од комерцијалните, не ја сушат кожата. Дури и „најлошиот“ природен сапун е подобар дури и од бебешките комерцијални сапуни. Мој совет за луѓето со сува кожа би бил, најпрво да проверат дали станува збор за исушена кожа или вистински сува кожа. За оние лица кои имаат сува кожа, би препорачала почеста употреба на путери за тело и други производи богати со олејска киселина.

 

– Кога станува збор за масната кожа, сапунот со активен јагллен и бентонит е производ кој треба да го воведат во својата дневна рутина. И наспроти верувањата дека овој тип на кожа не треба да употребува масла, би препорачала чистење на лицето со масло за чистење на лице. Звучи контрадикторно, но има цела наука позади тоа.

– Кожата е составена од масни киселини и кога тие често се отстрануваат со измивање, кожата неконтролирано лачи себум за да направи оклузија. Во „Soap Story“ развивме и тестиравме ваков тип на производ, кој во наредните месеци ќе биде достапен на нашите клиенти.

x

Check Also

& Other Stories нуди супер модни комбинации по достапни цени за лето 2021

Ако барате модно парче за вториот дел на жешкото лето, & Other Stories ...