Сочна салата со спанаќ и павлака

Во сезоната на спанаќ, подгответе ја сочната салата од спанаќ и послужете ја како предјадење или мезе.

Потребни состојки – 1 килограм спанаќ, 100 грама фета сирење, 1 слатка павлака, 300 грама моркови, 50 грама сечкани ореви, млад кромид, малку маслиново масло и сол.

Подготовка

Сварете го спанаќот и морковите. Потоа, исцедете ги. Изгмечете го сирењето и заедно со павлаката и ситно исечканите ореви претурете го во садот со изладениот спанаќ и исечканите моркови. Целата смеса претурете ја во блендер и миксајте додека не стане компактна. На крајот додадете лажица маслиново масло, ситно исечкан млад кромид, и посолете.

Сервирајте со крцкав леб или крекери.

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...