Сочно пилешко во сос со кикиритки

Уживајте во беспрекорната комбинација на вкус на пилешко месо сочно подготвено со кикиритки.

За да го подготвите овој специјалитет потребно е – 350 гр. пилешки гради, 50 гр. кикиритки без луспа,1 луто пиперче, 1 праз, 2 лажички густин, 3 лажици соја сос, 2 чешниња лук, 200 мл. бело вино, малку ѓумбир (свеж или во прав), црвен пипер, сол, кари по желба.

Подготовка

Пилешкото месо исечете го на лентички. Зачинете го со малку црвен пипер и лажиче густин.

Кикиритките пропржете ги малку во тава со една лажичка масло. Потоа во истото масло додадете го пилешкото месо и пржете го некоја минута. На пилешкото додадете го исечканиот праз и ситно сечканото луто пиперче и продолжете со пржење.

По неколку минути вратете ги кикиритките во тавата и додадете го остатокот од густинот измешан во 200 мл вода. На крај се додаваат и лукот, соја сосот, виното и зачинете, со ѓумбир и сол. Ако сакате можете да додадете и малку кари, по вкус.

Оставете го јадењето да се готви на тивок оган десетина минути.

x

Check Also

За појадок или вечера наместо тост – англиски лепчиња, еве како да ги подготвите

Само едно од овие англиски лепчиња ја задоволува калориската вредност предвидена за ...