Спот за Оскар: Софија Копола за Дејзи на Марк Јакобс (ВИДЕО)

Соработката меѓу двајцата пријатели беше најавена уште во септември, но резултатот пристигна неодамна.

Марк Јакобс ја повика својата најдобра пријателка Софија Копола да учествува во креирањето на неговата нова кампања за парфемот Дејзи.

Спотот е снимен во летните месеци на неколку локации во Германија и Австрија, ја претставува елеганцијата и едноставноста која е карактеристична за перфемот што изобилува со свежи ноти, креиран од славниот нос Алберто Морилас.

„Најдобрите пријатели кога ќе се здружат да работат заедно, се случува магија“, напиша на својот Твитер профил Марк Јакобс, додавајќи дека со Софија се дружи многу, многу години и дека ја сака како личност, го сака и нејзиниот изглед и нејзиниот глас.

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...