Софија Санчез во креација од Манго на Мет Гала

За првпат во историјата, на црвениот тепих на Мет Гала се појави креација од модната марка Манго. На најважниот моден настан во модната индустрија, фустан од Манго носеше манекенката Софија Санчез де Бетак. Настанот Мет Гала се одржа во Музејот Метрополитан, во организација на уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур.

Фустанот беше дизајниран специјално за оваа пригода, а темата на настанот беше Камп концепт. 

-Ова е многу важен момент за Манго. Со овој проект дакаме да ги инспирираме купувачите, да им ја покажеме другата страна од брендот, да го презентираме нашето искуство, вели Жан Ривера, креативен директор на Манго.

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...