Софија Теодор: Модата на црвените ќилими не се слика на личноста!

„Јас сум од оние кои работењето на модните креатори го подржува и почитува, но да бидам искрена, не сум слепо насочена кон нивното следење. Сметам дека човек треба да се облекува онака како што се чувствува удобно, а бидејќи мојата професија е таква што повеќе време поминувам зад камерите, на снимања, не можам на работа да одам стокмена, накитена, со многу шминка на мене или накит. Кога сум работно ангажирана секогаш сум лежерно облечена, во патики, тренерки, фармерки, понекогаш се случува да носам некој моден детал, на пример шапка или марама. И тука завршува приказната во поглед на модата“, вели режисерката Софија Теодор.

sofija 2Според неа, дури и славните глумици во Холивуд не се облекуваат поинаку, освен кога станува збор за гала настани, филмски фестивали, црвени ќилими или доделување на награди.

„Модните марки во САД се подостапни за секого од овие кај нас. Во Америка, на пример, секој може да си дозволи да си купи брендирани патики, а кај нас тие се луксуз. За нив пак, луксуз е оно што кај нас е речиси недостижно, да добиете креација од Валентино, Готје, Прада или слични светски креаторски имиња,  облека скроена по ваша мера, направена специјално за вас. Ако зборуваме за накитот, најчесто оној кој го гледаме на црвените ќилими, е позајмен, па по настанот му се враќа на производителот. Има една убава стара поговорка која вели дека само исфрустрираните личности во секоја пригода покажуваат што имаат, а реализираните личности не се преокупирани со себе-китењето, туку со конфортот. Најпосле, марката не го прави човекот, туку умот, добрината и едноставноста“, одговара Софија Теодор на прашањето колку е таа „имуна“ на модните марки.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...