Сок од лимон и кафеав шеќер – пилинг за природно белеење на лицето

Лимонот е одамна познат по тоа што помага при обелување на кожата, што го прави еден од најдобрите природни лекови за белење на кожата. Всушност, ако би сакале да го избелите целото тело или само лицето користејќи состојки кои веќе ги имате во вашата кујна, треба да се комбинираат сок од лимон и кафеав шеќер.

Пред да го користите овој природен пилинг, важно е да се разреди сокот од лимон зашто содржи восоко ниво на хп вредност па може да предизвика иритација на кожата  доколку се нанесе директно. Со разредување на сокот од лимон во вода, пх – вредноста  ќе се намали на ниво кое е поблаго за кожата. Исто така, не треба да го оставаме на кожата долго време.

Ослободува од темни дамки

Ако сакате да се ослободите од темните дамки на кожата, нанесете разреден сок од лимон на критичното место. Бидејќи, сокот од лимон е природен, нема да и наштети на кожата се додека се нанесува правилно. Нанесете го на темните дамки и оставете да делува 15-на минути, потоа добро исплакнете. Некои го оставаат сокот од лимон да делува преку цела ноќ, но сепак тоа не е препорачливо ако вашата кожа е чувствителна. Освен дамките, тој исто така може да ја намали појавата на брчки и ќе ги отстрани мозолчињата и мртвите клетки од кожата.

Прочистувач за лице од лимон

Во мал сад комбинирајте 1 лажичка трици, 1 лажичка сок од лимон, 1 лажица вода и ¼ лажичка квасец. Измијте го лицето со млака вода и користејќи мека четка за лице, употребете го природното средство за прочистување на кожата. Исплакнете го добро со топла вода.

Едноставен прочистувач од сок од лимон и шеќер

За да се направи ефикасен прочистувач за кожа прво треба да го исцедите парчето лимон , додека го притискате надолу. Вака полесно ќе се извлече сокот. Исечете го лимонот на половина и исцедете го сокот во мала чаша или сад. Додадете еднаков износ на вода за да го разредите сокот. Потоа, додадете лажица бел гранулиран шеќер во лимонот и водата и измешајте го. Треба да продолжите додавајќи мали количини шеќер додека не се добие паста. Користете го под туш како пилинг.

Друга варијанта е со употреба на рендана ¼ чаша кора од лимон. Во сад ставете ja ренданата кора од лимон и додадете ¼ чаша кафеав шеќер и 1 чаша масло од семе од грозје. Измешајте ги овие состојки заедно и втријте ги на целото тело. Можете да наесете од смесата и на  потпетиците, лактите и колената, бидејќи овие делови од телото често се груби па овој вид на пилинг ќ ги направи помеки. Не заборавајте по третманот да го измиете телото со топла вода.

Претворете го прочистувачот во крема

Може да го претворите прочистувачот од лимон и шеќер во хидратантно средство за прочистување едноставно со додавање на неколку капки од бадемово масло. Тоа е одлично за одржување на хидратација на кожата. Всушност, овие состојки се користат во различни производи за шминкање, како и во рецепти за природна нега на кожата. Сепак, не треба да користите бадемово масло на вашата кожа ако сте алергични на ореви.

Може да го претворите вашиот прочистувач и во средство за нега на телото со додавање на еднаков износ на течен сапун во него. Ваквиот третман помага и во белење на кожата а истовремено ја одржува мека.

x

Check Also

Подготвени да се чувствувате убаво? – Капитол мол го организира Дерма фест 3.0

  Дерма фест на 15. и 16. ноември во Капитол мол Од ...