Сокријте ги недостатоците со избор на правилен костим за капење

Костимот за капење е еден од оние специфични парчиња гардероба за кои треба да потрошиме повеќе време во изборот при купувањето.

kostim 234

Правилно избраниот костим за капење може визуелно да не направи повитки, да ни ги издолжи нозете, да ни го сокрие стомакот, да ни ги зголеми или намали градите… Затоа земете ги овие мерила в предвид.

За да го сокриете стомакот

Доколку сакате да го замаскирате стомакот, одберете костим за капење со набори во горниот дел.

Одлучете се за т.н танкини, костим што го покрива стомакот, но од двете страни има отвори, или пак костимот таканаречен монокини, кој ги поврзува горниот и долниот дел со накит или ремен создавајќи илузија на помали колкови и стомак.

kostim 678

Ако се одлучите за едноделен костим, одберете потемна боја или со дезен што е на целиот костим.

За да ги сокриете широките колкови

Избегнувајте ги костимите за капење што се „плитки“ и наместо нив одерете ги оние што покриваат дел од колковите.

Избегнувајте ги спортските костими за капење.

kostim 897

Одберете потемен долен дел костим за капење и контрастно светол горен дел.

За да ги сокриете големите гради

Изберете горен дел што се заврзува околу вратот.

Внимавајте горниот дел да нема набори и многу детали што привлекуваат внимание.

Изберете рамен горен дел, а најпогодна форма се триаголниците. Избегнувајте ја тркалезната форма на горниот дел зашто таа создава ефект на уште поголеми гради.

Нагласете го струкот за вниманието да се сврти на него. Тоа ќе го постигнете со костими за капење што имаат ремен или други додатоци околу струкот.

За да ги сокриете малите гради

Внимавајте горниот дел од бикините да биде со набори. На тој начин визуелно ќе добиете полн градник, односно поголем волумен на градите.

kostim 123

Избегнувајте ги едноставните дизајни на бикини, особено бикините на кои горниот дел им е во форма на триаголник.

Одберете горен дел што има фишбан.

Пробајте ги ретробикините со корпи што ги зголемуваат градите.

 

x

Check Also

Почнува продажбата на Huawei P40 Pro и на македонскиот пазар во пакет со Huawei Watch GT 2, 50 GB меморија на Cloud и Huawei VIP Service

Предводникот на серијата P40 – Huawei P40 Pro, објавен вчера на глобалниот ...