Солена торта од макарони, мелено месо и моцарела

Огладнувате на помислата на растопена моцарела во сос од домати? И ние. За овој едноставен рецепт ќе ви биде потребно најмногу половина час, па кој би ја одбил тортата од макарони?

Намирници – 500 грама макарони, 200 грама моцарела, 2 јајца, сос од домати, 400 грама мелено месо, 1 морков, 2-3 помали главици кромид, 2 чешниња лук, сол и црн пипер по желба, печурки (по желба).

Макароните сварете ги колку да омекнат, наредете ги во калап за торта и врз нив ставете ја моцарелата. Меленото месо издинстајте го со кромидот и морковот, зачинете и додадете го лукот. Сварете го сосот од домати (може во него да додадете и сечкани печурки).

Врз наредените макарони ставете го издинстаното месо, изматените јајца, па врз него сосот. Врз сосот наредете уште 100 грама од моцарелата.

Печете на 220 степни во загреана рерна 20-на минути.

x

Check Also

Крем супа од костени и моркови, и децата ќе ја сакаат!

Искористете ги сезонските плодови и дегустирајте ја здравата супа која се подготвува ...