Солени новогодишни ѕвездички

Овие весели соленки се подготвуваат брзо и едноставно. Калапчињата со форма на елкички и ѕвездички лесно ќе ги најдете во поголемите супермаркети, а во „Џамбо“ сет од вакви весели калапчиња чини околу 100 денари.

Потребно е – 350 грама брашно, 50 грама маргарин, 100 грама густин, 250 грама фета сирење,  2 јајца, 1 ќесичка ким, 1 прашок за пециво, 1 лажичка сол.

Подготовка

Едно цело јајце и една белка заедно со маргаринот помешајте ги во сад. Додадете го густинот, прашокот за пециво, солта, брашното и фета сирењето и замесите тесто. Потоа развчечете го тестото да биде со дебелина 1 см. Со помош на калапи формирајте ѕвездички или елкички. Формите наредете ги во тепсијата за печење претходно премачкана со масло или маргарин, и врз хартија за печење. Во садот со жолчката од јајце додадете лажица вода и изматете со вилушка. Со јајцето премачкајте ги формите и на крајот наросете ги со ким. Печете ги 20-на минути на 200 степени.

x

Check Also

Модар патлиџан од рерна полнет со сув врат и кашкавал

Летно јадење кое ќе ве освои „од прва“ Потребни намирници – 3 ...