Шопинг манија моментно владее низ славната 5-та Авенија на Менхетен. Причина? Традиционалниот Црн петок (Black Friday), ден кога цените се намалени и до 70 отсто!
Традиционалното намалување на цените ширум САД во сите бутици се случува по повод националниот празник Денот на благодарноста. Шопинг-лудилото е започнато од синоќа, купувачите чекаат пред продавниците и по неколку часа, а намалувањата важат и за гардероба, но и за мебел и техника.
Шопингхоличарите се сепак во најголем број на славната 5-та Авенија, позната и како улица на модата, а во долги редови се чека од изутрина, пред продавниците да отворат.