Сопрете го лудилото за убавина

Писателката Робин Рајс е иницијаторка и креативна директорка на кампањата наречена „Сопрете го лудилото за убавина“ која има цел да ги натера луѓето да се запрашаат колку жената вреди, а не да се суди според нејзиниот изглед.

rv90

Сметајќи дека стандардите за убавина денес се многу нереални и дека жените поради тоа се чувствуваат лошо, писателката Робин Рајс во текот на јули ја стартуваше кампањата „Сопрете го лудилото за убавина“ која преку постери и пораки порачува дека важно е колку жената вреди, а не како таа изгледа.

rv9

Кампањата не се однесува само на изгледот на жената и потрагата по „совршенство“, модните лудила и трката по невозможни пропорции на телото, туку и на тоа каков пример е таквата денешна жена на своите деца.

rv8

rv5

Ако и вие се чувствувате лошо само поради тоа што не ги задоволувате нереалните стандарди за убавина или се согласувате со мислењето на Рајс, можете да ја поддржите иницијативата со тоа што ќе споделите еден од креативните постери со порака на социјалните мрежи кои може да видите –ТУКА.

rv7

rv2

x

Check Also

Поглед на новата спортска колекција од Guess

Моделката Натали Роузер позира во новата кампања на спортска облека Guess за ...