Совети како да му помогнете на вашето куче помалку да се плаши од петарди

Времето на новогодишните и божиќни празници освен дружење и јадење носи и не толку привлечни активности, а тоа се фрлање на петарди кои се опасни за сите, но особено травматични за домашните миленици. Освен петардите, домашните миленици се плашат и од огнометот кој за многумина од нас е посебно доживување. Еве неколку совети како на домашните миленици да им ги олесните пиротехничките новогодишни активности.

Место за криење

Вашето куче или мачка треба во домот да има достапно место каде може да се сокрие. Тоа може да биде место под мебелот, под масата или пак, би можеле да го сместите кучето во најтивката просторија во вашиот дом. Ако имате куче, оставете му ги во таа просторија играчките за да се чувствува сигурно и безгрижно. Кога станува збор за мачка, нив ќе им биде доволно да се скријат под кревет или под маса, или во некое мирно катче. Немојте да ја мамите да излезе надвор додека самата не е подготвена зашто тоа ќе и предизвика уште поголем стрес.

Во сигурно опкружување

Погрижете се вашето куче или мачка да се наоѓа во сигурно опкружување и да не може да побегне на улица, ако се преплаши. Вашиот домашен миленик треба да има микрочип за полесно да го најдете во случај од страв да избега.

Шетајте го додека е ден

Во текот на сезоната на петарди и огномети кучето шетајте го додека надвор е сеуште ден и светло. Навечер извадете го само на кусо, а во времето кога очекувате огномет, држете го љубимецот внатре во домот. Кога ќе се стемни, затворете ги прозорите и пуштете музика за да го прикриете звукот од огномет.

Не казнувајте го!

Кога вашиот миленик е исплашен никако немојте да го казнувате поради тоа. Не викајте му, зашто така само ќе ја влошите ситуацијата.

Игнорирајте го и вие звукот на петарди

Понудете му забава на кучето во „екот’ на фрлањето петарди за да го поттикнете да се забавува со вас, но немојте да го форсирате ако не сака да игра.

Дружење

Доколку познавате куче кое не се плаши од звукот на петарди и огномет (има и такви, но поретко), а се согласува со вашето куче, ќе биде идеално во тој период да си прават друштво еден со друг. Тоа ќе му помогне на вашиот миленик да сфати дека од огномет не треба да се плаши.

x

Check Also

ЕКО СКУТЕР – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЕКО СКУТЕР НОСИ 365 ПРЕМИИ ЗА ЗАБАВА, ЗДРАВ ЖИВОТ И ...