Совети од Курникова за совршен изглед (ВИДЕО)

Поранешната најпопуларна тенисерка на светот Ана Курникова советува како да се остане во топ форма.

ana 2

Поминаа шест години откако го напушти тенисот, но Курникова и понатаму изгледа совршено. Русинката која живее во Мајами објаснува дека додека активно тренирала тенис нејзината исхрана била според правилата на нутрициониститите. Но навиката за активен живот ја задржила и денес.

„Ако веќе сте во теретана или на патеката за трчање треба паметно да го искористите времето и да го извлечете максимумот“, советува Ана.

Ана во последно време е и активна како советник на жени кои сакаат да ја подобрат формата на своето тело, а со тоа и здравствената состојба.

„Врвниот спорт ме научи колку е важно да се одржува телото во оптимална состојба и сега тоа искуство сакам да го споделам со другите. Немам веќе 16 години и знам дека вложувањето во модните детали нема некоја смисла. Немам веќе потреба да ја виткам косата, туку правам брза и природна фризура“.

http://youtu.be/EP4Rm0ogarU

 

 

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...