Совети за инстант остварување на сите ваши желби & планови

Престанете да посакувате почнете да правите!

img_3491
Посветете се на фокусирањето

Најголем број од работите што треба да ги направите се посложени, па така бараат и повеќе постапки и процеси за да се исполнат. Затоа многу луѓе се откажуваат уште пред да почнат, бидејќи за мозокот е преобемно да го процесира тоа. Ние луѓето, комплексни како што мозоците ни еволуирале, бараме да ни се поедностават работите со цел да продолжиме напред. Поедноставувајќи ги работите во прости чекори може да продолжите да се фокусирате на нив една по една. Токму тоа треба да го направите чекор по чекор, без да мислите на многу долг рок. Направете да ви биде лесно да се концентрирате на еден конкретен аспект од работата и само преместете го фокусот на нешто друго откако тој чекор ќе биде целосно завршен.

Скокнете

Ако премногу се задржувате премногу ќе одложите се, па како резултат на тоа  ќе бидете неуспешни бидејќи ќе доцните во извршувањето или едноставно никогаш нема да го направите тоа. Едноставно почнете! Најтешкиот чекор всушност е да тргнете. Откако ќе тргнете работите ќе станат полесни. Ќе работите на моментот и ќе почнете да се чувствувате подобро. Помислете на моментот кога треба да скокнете во базен. Колку повеќе се задржувате додека да влезете, поверојатно е дека никогаш нема целосно да влезете внатре. Сепак, ако веднаш скокнете го кршите мразот, надминувајќи ги триковите што вашиот ум ви ги прави и сега целосно може да уживате во пливањето.

Каде е крајот ?

Секоја задача и цел си има свој почеток и крај. Треба да знаете каде е крајот. Кој е крајниот резултат? Знаејќи дека целиот процес има крај, поверојатно е дека ќе се чувствувате помалку исплашени да го направите тоа. Тоа што го плаши вашиот ум е правењето на нешто тешко без крај на повидок. Вашиот ум ќе се исклучи и нема да ве натера да го направите тоа. Затоа осигурете се дека сте потполно свесни за крајниот резултат. Би било идеално да направите временска рамка за да имате и датум на ум, а тоа пак ќе ви помогне да си дадете логично објаснување дека ова нема да трае вечно. Знаејќи каде е крајот ќе може да се движите побрзо напред со чувство на стабилност и знаење што пак е неопходно за евентуално да стигнете до крајот.

Бележете го напредокот

Откако веќе чекорите ви се целосно распределени и се фокусирате на нив еден по еден, треба да направите листа на која ќе го „пречкртате“ чекорот што веќе е реализиран. Ова ќе ви овозможи чувство на вредност и исполнетост како што се приближувате до целта. Направете ја листата лесно достапна, на пример закачете ја на фрижидерот или на бирото во канцеларијата. Можеме да толкуваме слики и дијаграми подобро од зборови, па гледајќи колку задачи сте завршиле и уште колку останале да се завршат, вашиот мозок може да го процесира ова полесно што води до помалку конфузија или веројатност од оддалечување од целта или моменталната задача.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Ваквото време влијае на ширењето на вирусите, а вирусите се лекуваат само со силни антиоксиданси!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...