Совети за модерно додворување на сите типови жени (само за мажи со стил)

Актерки,спортистки, комичарки, келнерки … Толку многу различни видови на жени шетаат на оваа планета. Но, не грижете се – ние собравме за вас доволно информации за секој тип, така што вие не ќе мора да се срамите со вашите излети.

Home

 

Таа е можеби келнерка во вашето омилено кафуле поради чии насмевки и непроменето однесување, прометот во кафулето од месец во месец се зголемува. Или можеби русокоса музичарка во фармерки и бела маичка, која откачува акорди на гитара “Paint It Black “.

Во секој случај, таа е едно „парче“ од она за што мажите копнеат , па затоа размислете дали воопшто некогаш ќе и се приближите. За среќа, новите истражувања покажуваат дека има надеж за сите нас. За почеток, не оптеретувајте се со вашата визија на совршена жена, а не барајте „паметни,високи, црни” – кога ќе се сретнете со некоја со која ќе си „одговарате” и визијата ќе лета низ прозорец во секој случај. Што е она што ве привлекува кај една жена?

„Тоа што е – нова”, вели антропологот Хелен Фишер, и додава: “Новата жена во вашиот живот го зголемува производството на допамин во телото, што резултира со чувство на возбуда, радост и оптимизам.”

За да ја освоите било која жена , во нејзините очи ќе мора да се издигнете од „стадото“ на слични типови кои трчаат по неа. Тоа не е лесно, но ние се обидовме и се консултиравме со експерти за да ви овозможиме подршка.

СПОРТИСТКА

ЗОШТО НЕА? За почеток: тесни маички, заеднички тренинзи и туширање после тренингот. Се разбира, и подобар секс. Истражувањето неодамна спроведено во Турција покажа дека кај спортистките гениталниот проток на крв значително е поголем од просечната жена, како што се гледа во значително посилното либидо. Со спортистка, исто така, побрзо ќе се решите од вишокот килограми – тоа е докажано дека полесно ќе ослабете и ќе останете во форма ако сте опкружени со луѓе кои се фит.

ВНИМАНИЕ! Ако таа секојдневно тренира, сигурно ќе посака покрај себе човек кој ќе ги дели нејзините интереси. Што значи дека ќе ви помогне во намерата да тренирате, но тоа исто така значи дека нема да се реагира ако ги прескокнувате тренинзите и „тренирате” со момците покрај барот. Покрај тоа, би можеле брзо да добиете „нога“ бидејќи спортистката не мисли дека е тука само за да вие се чувствувате добро. Бројни спортски врска не успеале поради фактот дека мажите не можеле да се помират со фактот покрај себе да имаат еднаква личност , а не мажоретка чија единствена задача е да ги задоволува нив.

ВАШ ПОТЕГ- пријдете и на начин на кој би сакале таа да ви пријде вам и едноставно кажете : „Гледам, во извонредна форма си, .” Тоа ќе покаже дека ви е јасно и дека го цените она што таа го прави, а сепак тоа не звучи многу старомодно.

ВАЖИ И ЗА … тренер,шеф на фитнес.

COPPIA

АКТЕРКА

ЗОШТО НЕА? Таа ќе ви ја покаже непознатата страна. Актерките најчесто се родени  истражувачи, љубопитни се, полни се со енергија и секогаш подготвени да преземат ризици. Ако мислите дека актерките не се впуштаат во врска со „обичните смртници”, не сте во право – тие често се неврамнотежени,природно сами се насочуваат кон мажите кои се стабилни и цврсти.

ВНИМАНИЕ!  Нејзината работа не е само на лента, нема осум-часовно работно време.Поради снимањата често ќе отсуствува со месеци,а многу е веројатно дека и повеќе ќе патува. Заборавете на распореди кои со години не се менуваат, заборавете ја рутината,заборавете на планирање одмори и прифатете го непредвидливиот  и малку исцрпувачки животен распоред.

ВАШИОТ ПОТЕГ- Не нафрлајте се на неа како опседнат обожавател,тоа сигурно многу пати го доживеала и сигурно не ја воодушевува. Не се однесувајте кон неа како кон славна  личност, туку како кон нормална жена која ви се допаѓа: понудете и пијалок. Ако прифати, одлично, ако не, кажете и дека се уште ви е мило што се сретнавте и завртето (и) го грбот кон месечината.

ВАЖИ И ЗА … модел, танчерка, организатор на забава.

КОЛЕШКА

ЗОШТО НЕА? Не мора ни вие ни неа да ја заморувате со вашите глупави избрзувања при запознавање. Врска со колешка често е опасно, како да си играте со оган, но се чини дека се добива во игра само кога ќе видиме дека постои можност за сериозна врска – покажа овогодинешното истражување на „Carier Builder” ( 40% од испитаниците излегувале со партнерот од работа, па дури и 30 % од нив се венчале).

ВНИМАНИЕ!  Убаво е кога ќе ја сретнете во ходник колешката која ви е девојка или сопругата, но замислете колку е ужасно да се сретнувате секојдневно со жена која ви го скршила вашето срце. Тоа е едната од најлошите последици во врската со колешка, иако истражувањата покажуваат дека повеќе од половината од вработените кои биле во врска останале во добри односи.

ВАШ ПОТЕГ – Поканете ја во кино или на вечера,  на ручек или на кафе. Во секој случај,бидете отворени и дадете и можност да ве одбие, вашиот предлог да биде пријателски, не бидете притоа „мртви“ сериозни. Ако одбие, не ја обвинувајте, пошегувајте се и тоа на своја сметка – но не и пред другите колеги.

ВАЖИ И ЗА … поранешна пријателка,другарка од одделение,најдобрата пријателка на нејзината сестра.

24062_shutterstock_82162303_iff

КОМИЧАРКА

ЗОШТО НЕА? Таа е паметна и бестрашна – што е неодолива комбинација. Околу неа нема потреба да одите на прсти,таа е полна со самодоверба и не се плаши да испадне глупава. Претпоставуваме дека не треба да се зборува за тоа како смеата е корисна за вашето здравје: освен што ја подобрува циркулацијата на крвта и, исто така, го намалува ризикот од срцеви заболувања.

ВНИМАНИЕ! Таа може да биде лудак. Не од најлош вид, но истражувањата покажаа дека овие комичари се склони кон бес и депресија. Иако може ќе помислите дека нивната работа е мед и млеко, во реалноста тоа не би можеле да му го посакате ни на непријател: конкуренцијата е жестока, публиката уште повеќе немилосрдна, а да не споменуваме дека тие треба да бидат креативни под притисок. “Сите комичари имаат топка од изгризани  нокти малку помала од големината на стомакот”, вели комичарот Саманта Би.

Вашиот потег? Во ниеден случај не се обидувајте да бидете посмешни од неа, зашто  таа е, сепак, професионалец. Запрашајте се „Дали ќе ми биде незгодно ако таа е во прв план?” “За чудо, многу пати луѓето одговоратаат со ДА,” вели С.Би.

ВАЖИ И ЗА … водителка, шанкер, трговци.

24

 

ШЕФ

ЗОШТО НЕА? Силни и амбициозни, исто како вас, што пак (веројатно) ве пали. Како корпоративна жена, таа го цени утврдувањето и решавањето на проблемите, што е во нејзината крв. „Ако ви треба некој кој ќе ви угодува,најдете си млада девојка и оженете се со неа, а можеби и некоја желба ќе ви се исполни “, вели Кејти, 29-годишна маркетинг директорка. „Но, ако сакате  жена која ќе ви помогне да се грижи за  семејството,најдете жена која е веќе докажана на работа”

ВНИМАНИЕ! Дозволете и да ја плати сметката – но само од време на време. Така ќе и покажете дека не се загрозени од страна на нејзиниот успех, иако можеби заработува повеќе од вас. „Финансиите се најкомплицираниот дел од една врска”, вели Гејл Еванс, поранешен извршен потпретседател на CNN и автор на книгата „Таа победи,вие победивте“ .

„Знам дека паровите се согласиле секој да си плати според своите примања ,но за повеќето мажи тоа е навреда, голем напад врз егото”.

ВАШИОТ ПОТЕГ Не „подивувајте“ кога таа ќе одложи некогаш приватна обврска . „Успешните жени имаат многу стрес на работа , па затоа мажите што не беа премногу вознемирени беа поатрактивни од другите “, вели Еванс.

ВАЖИ И ЗА … претприемачки, наследнички,брокерки.

ДОКТОРКА

ЗОШТО ТАА? Слободното време МОРА да се искористи,дури и во кревет.Познато е дека докторите работат во смени,и тоа долги смени.Затоа тие се трудат да го искористат слободноти време до максимум и немојте да се зачудите ако вашата докторка побара од вас „секс на заповед“,  ако очекува од вас секогаш да сте подготвени.Уште помалку ќе се зачудите ако по сексот веднаш заспие. Но,барем пријателите ќе ви завидуваат на тоа. Истражувањата спроведени меѓу жените и машките покажале дека докторите се на трето место на оние на кои им се восхитуваме, по пожарникарите и научниците.

ВНИМАНИЕ! Излегувањата би можеле да ви станат поретки,затоа што докторите се опседнати со својата работа.Истражувањето спроведено во списанието „Journal of American Medical Association” вели дека три од пет анкетирани доктори работат и кога се болни,што и не е некој податок за оние чии партнерки се позади докторската ординација. Излегува дека она што сме го гледале во сериите „Итна помош“ е многу близу до вистината. Самите доктори признаваат дека врските помеѓу колешки и колеги во бели мантили се доста страстни,особено во ноќните смени.

ВАШ ПОТЕГ- Никогаш не потценувајте вечера со шише црно вино и комедија на ДВД. Се што помага да се опушти таа е во ваша корист.Би почитувала доколку и однесете вкусен сендвич на работа,да ја бакнете и да исчезнете.На вистински пат ќе бидете ако успеете да ја натерате да се насмее и да го заборави стресниот ден зад себе.

ВАЖИ И ЗА…ветеринарка,забарка,медицинска сестра.

ПОЛИТИЧАРКА

ЗОШТО ТАА? Се додека гласачките ливчиња ви се поклопуваат,шансите за успех ви се големи.Едно американско истражување на 5.000 брачни парови покажало дека имаат слични политички погледи, но од карактерна гледна точка.Освен тоа политичарката е роден водач,зрела и амбициозна.„Ќе добиете врвна професионалка која ќе ве донесе до емоционален и финансиски врв“,тврди Џефри Гардер автор на книгата „Љубовни рецепти“.

ВНИМАНИЕ! Бидете искрени за вашето минато.Ако е таа на поголема положба,вашите гревови се поопасни за неа,политичките ривали,па дури и оние од истата партија се спремни да копаат по ѓубрето.„За разлика од машките политичари на кои знаело да им биде простен „љубовен излет“ гласачите кон жените се потполно нетолерантни“,вели Гардер. „Затоа таа ќе бара врска со сериозен и одговорен маж“

ВАШ ПОТЕГ – Бидете искрени.Таа како да има вграден детектор за лажговци.„Многу луѓе се претвораат и се неискрени кон нас,затоа ја почитуваме искреноста и отвореноста“,вели Ангела Хант,советничка од Далас.

ВАЖИ И ЗА…адвокатка,професорка,продуцентка.

ЗАВИСНИЧКА ОД АДРЕНАЛИН

ЗОШТО ТАА? Ќе ве исфрли од папучите-запомнете,што повеќе возбудувања,тоа подолга врска.Ако ништо друго,нема да ве заборави-едно истражување покажало дека многу подолго памтиме и на друг начин ги обработуваме емотивно екстремните случувања.

ВНИМАНИЕ! Внимавајте на нејзините емоционални запирања,т.е. не постоење на „сопирачки“.Истражувањето од 2009 година покажало дека кај авантуристите многу поактивен дел од мозокот е оној со зависничко однесување (како кај пушењето),а помалку активен е оној кој ги контролира емоциите.Затоа,што повеќе вашата партнерка е зависна од адреналин,тоа помалку е достапна.

„Додека се качувам по карпа каде удираат големи бранови,тешко да одговорам на мојот мобилен телефон“ признава Бонита Норис,една од најмладите жени кои се искачиле на Монт Еверест.

ВАШ ПОТЕГ- Не комплицирајте,повикајте ја на состанок.Повеќето од нив веќе биле повикувани да се качуваат по карпи,слегување по пештери,спиење по снегот,но ретко кој ги викнал да излезат каде што треба женствено да се облечат.

ВАЖИ И ЗА…полицајка,екологистка,активистка.

КЕЛНЕРКА

ЗОШТО ТАА? Добра келнерка внимателно слуша,спремна е за разговор,духовита е и позитивна. Даниел Менакер,автор на книгата „Добар разговор“ (“A good talk”) предупредува на тоа дека келнерката слуша доста приказни и трачеви,така да има способност од прва да процени дали сте искрен или сте уште еден лажго.Тој ги споредува со медицинските сестри : „потешко е да ги шокирате за разлика од останатите жени,подруштвени се,знаат да почитуваат и се поотпорни“.

ВНИМАНИЕ! Таа е ноќна птица.„Штом работите тоа, мора и да бидете од тој тип“ предупредува Индира Торес,келнерка во ресторантот “Silk City Dinner” во Филаделфија и довдава – „Најчесто сум будна околу 22 часот,а најчесто не спијам околу 3-4 наутро.„Ни останатиот дел од денот не е лесен. Мора да бидете флексибилни и креативни.На нашите мажи не им е лесно бидејќи им се чини како никогаш да не сме дома,особено за викендите“.

ВАШ ПОТЕГ – Внимавајте каде ќе пиете со вашите пријатели.„Еднаш ме повика да излезем едно момче кое живееше и  работеше спроти кафулето.“ вели Хедер,24-годишна келнерка од Њу Јорк.„Се согласив на тоа,но само поради тоа што претходно се уверив дека типот е пристоен, неженет и никогаш не се напил во моето кафуле“

ВАЖИ И ЗА…новинарка,психијатар,водителка на радио.

МУЗИЧАРКА

ЗОШТО ТАА? Ќе се чувствувате убаво во нејзино друштво.Шери Ду Пре (Sherri DuPree) пејачка на групата Ајсли (Eisley) вели дека „само нивното опкружување ги тера да бидат прилагодливи и едноставни“„Музичката индустрија е подложна на бројни промени,така што на луѓето им е мило да работат со луѓе кои не ги комплицираат работите и се решаваат со насмевка“ тврди Ду Пре.Освен тоа,едно истражување покажува дека музичарите се поинтелигентни од просекот,а со самото тоа ја гледаат целата слика,а не само деловите.

ВНИМАНИЕ! Турнеите можат да ги искомплицираат работите.„Кога сте во врска со пејачка,вие мора да сфатите дека турнеите се нешто вообичаено,нешто со што мора да живеете“ вели пејачката Кина Гранис и додава „Од сопствено искуство можам да кажам дека не е лесно ни за мене ниту за другата личност,затоа дајте и поддршка на вашата музичарка и немојте веднаш да ја префрлате вината на неа“

ВАШ ПОТЕГ – Разговарајте со неа за музиката и почитувајте ја кога таа работи.Ду Пре предупредува на „креативно лудило“.„Кога пишувам песна и компонирам,се заклучувам во собата и никој не смее да ми влегува додека работам.Ако ме прекине момчето,можам и за него да напишам песна која сигурно не би му се допаднала!“

ВАЖИ И ЗА…писателка,дизајнерка,архитект.

ГОТВАЧКА

ЗОШТО ТАА? Таа е мајстор на самодоволието.„Ние готвиме,сами си ги плаќаме сметките,можеме да си резервираме маса во кој сакаме ресторан“ не уверува Марсела Ваљадолид,водителка на емисија за готвење и автор на книгата „Мексаиканска кујна на едноставен начин“ (Mexican made easy).„Што бараме за возврат од мажите?Да бидат пристојни и  добри во кревет!“

ВНИМАНИЕ! Би можеле да останете во сенка.„На мажите би требало да им е јасно дека сакаме да ги држиме работите под контрола додека готвиме и сакаме работите да си бидат онакви какви НИЕ ги сакаме“ предупредува Кејси Томпсон,финалистката на натпреварот за готвење „Топ Шеф“ и шефица на кујната во Браунстоун,во Форт Ворт,Тексас.„Веројатно ќе ви ја уредиме кујната по ваш вкус,а на вас е да го одберете виното,да си ги наполните чашките и да се опуштите додека ние готвиме.За да не се опуштите потполно, да ве потсетиме дека имате садови за миење,многу садови“

ВАШ ПОТЕГ – Земете ја и вие понекогаш големата лажица в раце.„По цел ден правиме јадења за други,би било секси некој да направи јадење и за нас“ признава Кејси.„Јас на пример,мразам да спремам доручек, па би било убаво кога маж би ми направил омлет со пршута и тост.Не е комплицирано,мене тоа ќе ми го развлече  усните во една голема насмевка“

ВАЖИ И ЗА…масерка,трговец,педикерка.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...