Совети за организирање на мени за совршена празнична трпеза

Во подготвувањето на новогодишната трпеза треба да уживаме, а целиот ритуал треба да ни претставува задоволство, а не тешкотија. Подготвувањето на јадењата секако дека може да помине без стрес ако на време го испланираме менито кое ќе биде сервирано.

Еве неколку совети за организација на совршено празнично мени.

f2

Ладни предјадења

Со оглед на тоа дека станува збор за целодневна подготовка на јадењата, земете предвид дека ладните предјадења треба да бидат што поедноставни, но со доза на елеганција и празнични детаљи.

f3

Најдобар избор ќе бидат разните намази кои може да ги подготвите и ден два однапред, па да ги сервирате со крцкаво или печено лепче. Брускетите се секогаш совршено решение, но подеднакво совршена е и француската салата.

f1

Рецепти за подготовка на вкусни брускети прочитајте – ТУКА.

Рецепти за совршен намаз од авокадо и сирење прочитајте ТУКА.

Топло предјадење

По ладното предјадење кое ги собира гостите на трпезата, следува топлата супа. Топлата крем супа е вистински избор за празничната трпеза со оглед на студеното време. Одличен избор би била густата супа од брокула или ароматичната крем супа од костени и моркови (рецептот прочитајте го – ТУКА.)

f4

Главно јадење

Главното јадење бара најмногу внимание, но затоа тоа е и најголемата ѕвезда на трпезата. Без разлика за какво месо ќе се одлучите, важно е да го темпирате времето на печење, но и на ладење. При печењето внимавајте на температурата за да не се пресуши и допуштете да добие крцкава коричка без разлика за какво печење да се работи.

f5

Доколку се одлучите за печено свинско месо, еве еден интересен и превкусен рецепт кој може да го прочитате ТУКА.

Десерт

Кај подготвувањето на десертот, новогодишните празници бараат креативност. Одберете ги необичните комбинации кои во себе го содржат она најубавото – мирисите и вкусовите на зимата. Наместо класичен колач или бомбици, подгответе торта од моркови и лешници или пак колач во кој доминираат костените, тиквата, јаболката и циметот, а додадете малку и марциопан за целосно задоволство на непцата.

f10

Слаткиот ролат од тиква и лешници се подготвува едноставно, а рецептот може да го прочитате – ТУКА.

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...